Потег за поздрав кој ќе ве разнежни: Како учителка во Кина од најсрамежливиот ученик прави херој со самодоверба?
- Детали
- понеделник, 11 мај 2026
Видео кое ќе ви ги наполни очите со солзи... Учителката го прашала најсрамежливиот ученик дали сака да извлече среќно ливче – ако е празно, сите ќе си играат надвор 2 часа. Но, сите ливчиња биле празни, а кога момчето го извлекува „среќното“ станува херој во класот, сите го бодрат и му се враќа самодовербата.

На социјалните мрежи вирално кружи видео кое е постаро, но е поучно и ја доловува моќта на учителите.
Реалноста е дека тие се воспитувачи на децата покрај родителите, а нивниот однос и пристап со учениците влијае на тоа во какви деца ќе прераснат.
Станува збор за ситуација во Кина, каде методите на учителката, на лесен и едноставен начин, му помагаат на најсрамежливото дете во одделението да се опушти и да почувствува доза самодоверба.

Независно од тоа колку е ситуацијата точно опишана и како е пренесена, важна е поуката, која навистина треба да биде пример за сите наставници.
Приказната која се споделува гласи:
„Учителката го прашала најсрамежливото момче во одделението дали би сакал да извлече среќно ливче во име на целиот клас.
Ако ливчето биде празно, целото одделение ќе може да си игра надвор цели два часа.
Детето станало, а сите почнале да навиваат за него и да го бодрат. Но она што никој не знаел е дека сите ливчиња кои учителката ги подготвила, биле празни.
Па кога го извлекол „среќното“ ливче, сите деца одеднаш скокаат, викаат и го прегрнуваат.
Од тој момент, ова момче станало херој на целото одделение“.

На крајот на видеото се гледа колку е момчето насмеано и гордо на себе, а моментот топи срца и ни ги полни очите со солзи.
Погледнете го видеото:
Би било добро кога сите учители и наставници би земале ваков пример и на едноставен начин се потрудат да им бидат ветер во грб на срамежливите и повлечени ученици.
М. М. | Црнобело