Глетка која не се заборава: 70-годишна жена смирува непознат агресивен човек, држејќи го за рака

Понекогаш малите гестови можат да направат големи промени во животот на луѓето околу нас, а оваа 70-годишна жена нè потсетува дека нежниот човечки контакт може да ги смири и оние најагресивните.

70-godishna-zena-so-golemo-srce-podala-raka-i-so-smirila-agresivniot-zovek-01.jpg

Неочекувано, оваа жена посегнала по човекот кој се однесувал агресивно во возот „Sky Train“ во Ванкувер, а Фејсбук корисникот Ехаб Таха кој седел покрај нив ја фотографирал ситуацијата.

Да не била храбрата жена, ситуацијата веројатно ќе ескалирала во нешто посериозно. Таха вели дека човекот имал брзи движења, пцуел, викал и ги плашел патниците.

Додека повеќето само го одминувале и молчеле, жената посегнала со раката по него и чекала да подаде рака назад. „Само ја испружи раката и чекаше на него. Се држеа така 15 до 20 минути додека човекот конечно не пристигна до својата дестинација“ - објаснува Таха.

Откако човекот излегол, Таха ѝ се заблагодарил на жената и ја прашал зошто го направила тоа.

„Не сакав да се чувствува осамено. Јас сум мајка и имам два сина кои се на негова возраст, а животот знае понекогаш да биде неподнослив, посебно на таа возраст“ - му одговорила.

Оваа жена е доказ дека не ви се потребни големи гестови за да покажете сочувство, понекогаш потребна е само рака.

70-godishna-zena-so-golemo-srce-podala-raka-i-so-smirila-agresivniot-zovek-1.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна лекција за жените од Мишел Обама: „Не мора да имате сè сега, животот е долг и има поглавја“ (в... „Невозможно е да имате сè сега, престанете со тоа. Што е тоа нетрпение и чувство...
Застрашувачки видеа од супертајфунот во Азија – над 100 исчезнати во Тајван, 2 милиони евакуирани во... Јужните делови на Кина, Филипините и Тајван се соочуваат со пустошот од супертај...
Принцот Џорџ е пораснат дечко покрај мама Кејт Мидлтон на Вимблдон – во одело и кравата како вистинс... Кејт Мидлтон отмена и елегантна како секогаш, воодушеви заедно со пораснатиот си...
„Добивме дете со ин витро, но клиниката искористила туѓ ембрион – не знаеме каде е нашиот“ Кон крајот на минатата година, пар од Флорида добил ќерка зачната со ин витро. Н...
Вознемирувачки инцидент: Maж ја бакнува во врат и ја фаќа за гради мексиканската претседателка (виде... Вирално се шири видео од непријатен момент – додека претседателката разговара со...
Направи OnlyFans венчавка, предизвика сообраќајка за кликови: Кој е „најлошиот човек на интернетот“? Иако има само 22 години, контроверзиите на јутјуберот Џек Доерти се многубројни....

Најчитани неделава