Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Поука од една трагична смрт: Како да запре малтретирањето на интернет?

Џејн Клементи била среќна мајка на три деца и медицинска сестра, но пред неколку години животот целосно ѝ се променил. Пред 9 часот, нејзиниот 18-годишен син Тајлер, застанал пред мостот George Washington и објавил Фејсбук статус: „Скокам од мостот gw - извинете“.

pouka-od-edna-tragicna-smrt-kako-da-zapre-maltretiranjeto-na-internet-01.jpg

Илјадници млади луѓе се самоубиваат на годишно ниво, но приказната на Тајлер го привлече вниманието на целиот свет. Неколку денови пред да се самоубие некој ја употребил дигиталната технологија за да го малтретира и да се шегува со него.

Трагедијата откри неподнослива вистина - технологијата може да го трансформира животот на младите луѓе, но ако падне во рацете на суровите и злонамерните, има моќ да го уништи.

Сајбер малтретирањето, во кое е вклучено и објавувањето на приватни видео снимки и фотографии на порно страните, денес не се случува толку многу како во минатото, но засрамувањето и понижувањето сè уште се драстично застапени.

Од злобни коментари до закани за насилство од различен тип на социјалните мрежи, постојано влијаат на дефинирањето и градењето на идентитетот на младите. Денес живееме во култура која не ги вреднува учтивоста и сочуствителноста.

Токму затоа родителите на Тајлер ја отвориле Фондацијата која се обидува да ја подигне свеста на луѓето околу тоа колкаво значење има сајбер малтретирањето.

pouka-od-edna-tragicna-smrt-kako-da-zapre-maltretiranjeto-na-internet-1.jpg

Насилникот во случајот на Тајлер Клементи бил неговиот цимер Дарин Рави. Тајлер бил млад талентиран човек. Штотуку се запишал на Универзитетот Рутгерс, започнал да свири виолина за престижниот симфониски оркестар на Универзитетот и ја дефинирал својата сексуалност. Клементи открил на своите родители дека е хомосексуалец.

pouka-od-edna-tragicna-smrt-kako-da-zapre-maltretiranjeto-na-internet-2.jpg

Рави случајно открил за сексуалната ориентација на својот цимер откако го видел со друг маж, а потоа своето откритие го споделил на социјалните мрежи и ги охрабрил колегите да дојдат да набљудуваат следниот пат кога Тајлер ќе има друг маж во неговата соба.

Тогаш започнале негативните коментари и малтретирањето кои довеле до трагичната несреќа.

Фондацијата на неговите родители има за цел да ја подигне свеста, да ги повика луѓето анонимно да ги подржуваат оние кои се исмевани на интернет. Да им помогнат да младите луѓе да си ја вратат самодовербата.

Така започна и иницијативата против малтретирањето „I Am a Witness“:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Свршеникот ме изневери пред свадбата, па си направив забава за да ја прославам слободата“ Линдзи Слејтер (31) од Велика Британија доживеала непријатно изненадување по 12 ...
По 100 операции и третмани од кои ѝ се распадна лицето, Џесика Алвес ги отстранува филерите: „Сакам ... Џесика Алвес, која пред да го промени полот беше нарекувана „жив Кен“, вели дека...
Измамник изнудил 800.000 евра од Французинка – ја лажел дека е Бред Пит и дека му требаат пари за оп... Жена од Франција била убедена дека се допишува со Бред Пит и дека му дава пари з...
Вирален хит: Чудното и непријатно ракување на Доналд Трамп и Макрон Во текот на годините Трамп и Макрон како постојано да си ја мерат силата стискај...
Разголени мажи ги пакуваат пратките - Факти за TEMU, компанијата по чии производи „полудеа“ и Македо... Веќе неколку месеци и кај нас владее вистинска ТEMU-манија, а Македонците на гол...
Сопругот ја дрогирал и викал мажи да ја силуваат: Детали за грозоморниот случај на храбрата Жизел од... Жизел Пелико, која скоро цела деценија била дрогирана и силувана од поранешниот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg