Пилот со добро срце - Го свртел авионот за баба и дедо за последен пат да го видат внукот

Приказната за еден пилот со добро срце кој помогнал на едно семејство, вртејќи го авионот назад кон дестинацијата од која тргнале, стана вирална сензација.

dobrodushen-pilot-svrtel-cel-avion-za-edna-dvojka-da-se-pozdravi-so-vnukot-na-smrtna-postela-01.jpg

Неименувана двојка од Манчестер, тргнале на пат за Абу Даби кога добиле порака дека нивниот внук е на интензивна нега.

Пилотот откако ги слушнал тажните вести дека нивниот внук набрзо ќе почине, го свртел авионот и ги вратил назад во Манчестер за да можат да се збогуваат.

Беки Стивенсон, патничкиот агент на двојката, вели: „Никогаш во моето 25-годишно работење не сум слушнала вакво нешто да се случи“.

Била благодарна на пилотот од „Etihad Airways“ затоа што помогнал на парот: „Моите клиенти беа пресреќни што пилотот одлучи да ги врати назад“.

Авионот тргнал назад за Абу Даби веднаш откако двојката била вратена во Манчестер.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На 2 години беше оставен да умре, денес го викаат „малиот Пикасо“ - Се сеќавате ли на момчето спасен... „Кога го видовме, мирисаше на смрт. Бев сигурна дека ќе ми почине во раце. Но, с...
Стјуардеса на суперјахти со детали за богаташите и мрачната страна - стигнала и до Црна Гора, плата ... „Најлудото нешто во работата на суперјахти не е луксузот, туку тоа што се случув...
„Најсилната жена во светот“ остана без титула – била родена како маж, а се натпреварувала во женска ... На годинашниот натпревар за „најсилна жена во светот“ победи Американка за која ...
Се онесвестуваат, плачат: Тајландската лотарија за служење војска стана вирална (видео) Во Тајланд секоја година се одржува лотарија за служење војска. Мажите на возрас...
Филмско апсење во Будимпешта: Маж украл картичка на Џони Деп и потрошил 700.000 долари, актерот не н... Маж од Унгарија речиси две години правел трансакции со податоците од кредитната ...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...

Најчитани неделава