Жена од фотографија од 9/11 го ангажирала истиот фотограф за својата свадба

11 септември 2001 година беше кобен ден кој никогаш нема да биде заборавен ниту во САД, ниту пак во светот.

zhena-od-fotografija-od-9-11-go-angazhirala-istiot-fotograf-za-svojata-svadba-01.jpg

Голем број фотографи тогаш излегле на терен и ги направија најпотресните и најтрогателните фотографии од поновата американска историја. На една од нив е и Џоан Капестро, која имала среќа да стигне на приземјето и да се извлече пред зградата да се сруши врз неа.

Фотографот Фил Пенмен ја снимил фотографијата на која таа е прекриена со прашина, откако авионот удрил шест ката над нејзе и таа успеала за 22 минути да се симне по скали од 87-миот кат, пред кулата да доживее целосен колапс.

zhena-od-fotografija-od-9-11-go-angazhirala-istiot-fotograf-za-svojata-svadba-02.jpg

Пенмен ја забележал исплашената и испаничена жена како трча околу рушевините и ја снимил познатата фотографија.

Оваа година, таа отишла во меморијалниот музеј и ја препознала фотографијата. Веднаш го исконтактирала Пенмен, со помош на кустос од музејот и се договорила со него тој да биде главен фотограф на нејзината свадба.

За медиумите изјавила дека Фил (Пенмен) е човекот кој бил со неа во најлошиот ден од нејзиниот живот, па посакала да биде дел и од најубавиот.

zhena-od-fotografija-od-9-11-go-angazhirala-istiot-fotograf-za-svojata-svadba-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...

Најчитани неделава