Швајцарско село како од бајките сака да стане хотел како последна сламка за спас

Швајцарското село Корипо изгледа како да е верзија на селцата од приказните на браќата Грим, но жителите се соочени со суровата реалност.

svajcarsko-selo-kako-od-bajkite-saka-da-stane-hotel-kako-posledna-slamka-za-spas-01.jpg

Некогаш Корипо било просперитетно земјоделско место, каде 30-тина луѓе постојано обработувале земја и одгледувале градинарски култури и стока. Денеска има постојани 12 жители, од кои 11-мина се над 65 години. Единствен остаток од стопанство таму е еден локален ресторан.

Поради тоа, ова прекрасно село е пред финансиски колапс. Сепак, тие не се предаваат. Локалната фондација предложила селото да се претвори во хотелски комплекс, а напуштените куќи и згради да се претворат во викендици, бунгалови и вили.

svajcarsko-selo-kako-od-bajkite-saka-da-stane-hotel-kako-posledna-slamka-za-spas-02.jpg

На тој начин тие веруваат дека ќе го спасат ова уникатно селце, сместено во густа шума, со специфична автентична архитектура. Една од куќите веќе е отворена како сместувачки капацитет, а наскоро ќе се реновираат и прилагодат уште повеќе објекти.

Целиот проект ја чини Швајцарија 6,5 милиони долари буџетски средства за проширување и обнова. Сите јавни објекти како цркви, театри, пекарници и селски организации ќе бидат реновирани и адаптирани.

svajcarsko-selo-kako-od-bajkite-saka-da-stane-hotel-kako-posledna-slamka-za-spas-03.jpg

За овој проект има и голем меѓународен интерес, а оттаму се надеваат и дека ќе мотивираат помлади дуѓе да се преселат во селото, за да можат да управуваат со хотелот. Уште еден проблем што ќе треба да го решат е водоснабдувањето, а планот е понатаму да се привлечат и трговци кои ќе отворат продавници од своите синџири и во Корипо.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
Светскиот диџеј Махмут Орхан пушташе музика во родното село во Турција – дели сарми, ги прегрнува ро... Иако е светски познат диџеј, не заборава од каде му се корените – Махмут Орхан п...
„Знаеме кој нè штити“: OAE плаќаат престој и храна за 20.000 заглавени туристи – жителите ги возвишу... „Така се прави тоа“, „Се чувствуваме безбедни зашто знаеме какви лидери се на че...
Шефица открива дека им дава половина час пауза за мастурбација на вработените во текот на работниот ... „Вистината е дека мастурбацијата може да им помогне на луѓето да се справат со с...

Најчитани неделава