Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ако возите велосипед во Болоња добивате гратис пиво, сладолед и билети за кино

Македонците дишат најзагаден воздух во Европа, но свеста е на најниско можно ниво, па дури и да се загушиме од автомобилите НЕМА да излеземе. Можеби е време за креативен потег како во Болоња!

velosipedistite-dobivaat-gratis-pivo-sladoled-i-bileti-za-kino-vo-bolonja-italija-01.jpg

Во Болоња покрената е акција за луѓето да се инспирираат да ги остават автомобилите и да возат велосипеди, со тоа што велосипедистите добиваат гратис пиво, сладолед и билети за кино.

Во италијанскиот град со 388.000 жители програмата „Bella Mossa“ (добра работа) е лансирана од 2017 година. Покрај велосипедистите наградени се и пешаците и оние кои користат јавен превоз.

velosipedistite-dobivaat-gratis-pivo-sladoled-i-bileti-za-kino-vo-bolonja-italija-05.png

Поени добивате за секое патување, на начин кој не ја загадува околината, преку апликацијата  Better Points, кои потоа може да ги замените за нешто од горенаведеното.

Целта на апликацијата е да се намали загадувањето на воздухот и светот да биде позелен. За поголема свесност оваа апликација прикажува и колку јаглерод диоксид оди во атмосферата.

velosipedistite-dobivaat-gratis-pivo-sladoled-i-bileti-za-kino-vo-bolonja-italija-06.jpg

Во акцијата во Болоња се вклучиле и 100 компании и во градот има сè повеќе велосипедисти, како и пешаци и корисници на јавниот превоз, па така изгледа дека наградните ваучери го постигнаа посакуваниот ефект.

Програмата е активна од април до септември секоја година. Добра идеја и за во Македонија, зарем не?

velosipedistite-dobivaat-gratis-pivo-sladoled-i-bileti-za-kino-vo-bolonja-italija-02.jpg

velosipedistite-dobivaat-gratis-pivo-sladoled-i-bileti-za-kino-vo-bolonja-italija-07.jpg

velosipedistite-dobivaat-gratis-pivo-sladoled-i-bileti-za-kino-vo-bolonja-italija-04.jpg

velosipedistite-dobivaat-gratis-pivo-sladoled-i-bileti-za-kino-vo-bolonja-italija-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Уште еден потег за пофалба на Јапонците - Бесплатна градинка за сите деца во Токио Јапонија ќе ја направи грижата за децата на претшколска возраст бесплатна и дост...
Емотивен потег: Татко со солзи во очи, откако непознат маж му ја платил сметката за појадок со децат... „Само што се расплакав во јавност, откако непознат човек ја плати сметката за не...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Позитива на денот – Детенце (13) со Даунов синдром оди на кино со соученици: „Му го разубавија денот... Во вирално ТикТок видео се гледа детенце со Даунов синдром кое радосно чека да п...
Шведска овозможува породилно отсуство за бабите и дедовците – ќе добиваат пари за да се грижат за вн... Според нов закон во Шведска, родителите можат да префрлат денови од нивното поро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg