Бугарските танчари кои играат на оган - Нестинари

Можеби сте слушнале и претходно за танчарите коишто одат по оган. Ова е традиција којашто често пати се практикува во мноштво крајбрежни ресорти низ целиот свет. Изворно, танцот на оган се вика Нестинарство и потекува од старите пагански ритуали на бугарските селани.

Bugarskite-tancari-koi-igraat-na-ogan-01.jpg

Машките и женските танчари се нарекуваат нестинари и тие целосно боси изведуваат спиритуален танц врз жежок жар. Не е дозволено носење чевли или заштитни премази на нозете, иако жарот е доволно јак за да ја изгори кожата.

Во што се состои ритуалот на нестинарството?

Ритуалот е еден вид на славење на светците Константин и Елена, славење на пристигнувањето на летото, оддавање почит на светецот заштитник на селото и еден вид на духовно прочистување. 

Играњето на оган е само еден мал дел од целиот ритуал којшто вообичаено трае скоро цел ден. Штом ќе изгрее сонцето, селаните започнуваат да ги украсуваат нивните свети икони со цвеќиња и со црвено платно порабено со сребрени парички. 

Bugarskite-tancari-koi-igraat-na-ogan (3).jpg

Bugarskite-tancari-koi-igraat-na-ogan (2).jpg

Потоа, тројца избраници од селото ги носат иконите на светите извори на св. Константин, каде што рамките на иконите се прочистуваат во светите води.

Откако ќе се исчистат рамките на иконите, танчарите и локалниот свештеник се упатуваат кон домот на главниот Нестинар или во локалната црква, каде што луѓето ќе се помолат и ќе запалат свеќи и темјан. Потоа, гајдаџијата и тапанарот тргнуваат напред и го водат целото село кон запалениот жар.

Bugarskite-tancari-koi-igraat-na-ogan (1).jpg

Bugarskite-tancari-koi-igraat-na-ogan (4).jpg

Штом сите ќе се соберат, најстарите Нестинари почнуваат да газат низ жарот. Останатите нестинари почнуваат да пеат заедно со музиката и да поминуваат преку жарот носејќи ги во раце иконите. Кога веќе ќе почне да се стемнува, почнуваат да настапуваат и помладите Нестинари и тогаш започнува вистинското играње на оган.

Од каде потекнува ритуалот?

Нестинарството оригинално потекнува од бугарскиот дел на планината Странџа. Не секој може да стане нестинар, оваа чест се пренесува наследно од родителите на децата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
Потресни сведоштва од пожарот во дискотека во Швајцарија: „Гледав како горат луѓе, влегов внатре за ... „За неколку секунди, целиот таван беше во пламени. Се беше направено од дрво и п...
„Ми изгоре целото лице откако другар истури бензин во логорски оган – ми паѓаа парчиња кожа додека м... Млада девојка од САД го споделува своето страшно искуство за да ја зголеми свесн...
Страшен пожар во бар во ски центар во Швајцарија со најмалку 40 загинати и повеќе од 100 повредени -... Страшна несреќа ја погоди Швајцарија на 1-ви јануари 2026 година. Околу 40 луѓе ...

Најчитани неделава