„Повели, бирај“ - Ја запросил девојката со 6 различни прстени (фото)

Мажите знаат дека бирањето веренички прстен воопшто не претставува лесна задача. Можете ли да го замислите притисокот и разочарувањето доколку прстенот не ѝ се допадне на идната невеста?

Ja-zaprosil-devojkata-so-6-razlicni-prsteni-01.jpg

Но, Денис Браун е очигледно мажот од нашите соништа, бидејќи решил да игра на неколку сигурни „карти“. Тој ја запросил неговата девојка Атара Далас со неверојатни 6 прстени со различни големини и дизајни, давајќи ѝ можност да го одбере оној кој најмногу ѝ се допаѓа.

Освен што прстените грижливо ги спакувал во огромна кутија во облик на срце, Денис најмил и цвеќар, фотограф, дизајнер за настанот, па дури и стилист со цел запросувањето да изгледа магично. Атара на крајот се решила за прстенот со облик на солза, односно вториот прстен од горе.

Ja-zaprosil-devojkata-so-6-razlicni-prsteni-02.png

Прекрасната порака која Денис ѝ ја посветил на Атара била испечатена на платно веднаш зад нив.

Ja-zaprosil-devojkata-so-6-razlicni-prsteni-03.png

„Денес, на твојот специјален ден, ја имав честа да предизвикам насмевка на твоето лице, цел ден. Не постои подобар подарок што можев да ти го дадам.

Жената која ме натера да верувам дека сродната душа, љубовникот, воинот, човекот од доверба и најдобриот пријател може да бидат сè во едно, сплотени во една прекрасна душа која е извајана само за мене“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе се венчам сама со себе по развод и неколку неуспешни врски – си купив и свршенички прстен“ „Кога им кажав на блиските, мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, шт...
На 19 години зборува над 5 јазици, ќе го изгуби престолот ако добие брат: Која е Леонор, идната крал... Постарата ќерка на кралот Фелипе и кралицата Летиција од Шпанија веќе активно се...
Драматично спасување: Маж поминал 6 часа заглавен во тесна пештера, развил хипотермија, се подготвув... Пред десетина дена, во пештера во државата Њујорк, маж се заглавил додека минува...
Дечко ја запроси саканата во гардероба во ZARA и стана мета на шеги: „И прстенот ли го купи таму?“ (... „Од сите места на светот, ти си ја одбрал ZARA“, „И јас би плачела“ – ова се сам...
Имал шизофренија, мајка му молела да го сместат во институција: Кој е мажот што ладнокрвно уби девој... Кон крајот на минатиот месец, млада Украинка беше ладнокрвно убиена во воз во СА...
Пилот убил маж – мислел дека го снима со пренос во живо: Детали за случајот што го споредуваат со „Н... Пилот од Англија најмил машки ескорт во Барселона, отишол кај него дома и по шес...

Најчитани неделава