Девојка со Даунов синдром стана заштитно лице на козметички бренд


Девојка со Даунов синдром стана заштитно лице на козметички бренд

„Не дозволувам Дауновиот синдром да ме дефинира. Јас сум Кејт!“, вели инспиративната девојка од Ирска.

devojka-so-daunov-sindrom-stana-zashtitno-lice-na-kozmetichki-brend-01.jpg

Кејт Грант (20) е девојка со Даунов синдром од Ирска, која е вистинска инспирација. Таа се појавува на модните писти, има добиено титула за убавина, гостува во ТВ емисии, а од неодамна стана и заштитно лице на брендот за козметика „Benefit cosmetics“.

Таа го поплочува патот и за многу други луѓе со Даунов синдром и со својата волја ги менува работите. Кејт го користи својот глас за сите што немаат сила да го сторат тоа.

devojka-so-daunov-sindrom-stana-zashtitno-lice-na-kozmetichki-brend-05.jpg

Зрачи со оптимизам, а нејзината мајка секогаш е со неа за да ѝ даде поддршка. Таа е млада и смета дека само небото е граница, без разлика на пречките со кои се соочува.

Кејт порачува дека Дауновиот синдром не ја дефинира неа и вели „Јас сум Кејт“.

Запознајте ја оваа инспиративна девојка:

devojka-so-daunov-sindrom-stana-zashtitno-lice-na-kozmetichki-brend-08.jpg

devojka-so-daunov-sindrom-stana-zashtitno-lice-na-kozmetichki-brend-07.jpg

devojka-so-daunov-sindrom-stana-zashtitno-lice-na-kozmetichki-brend-06.jpg

devojka-so-daunov-sindrom-stana-zashtitno-lice-na-kozmetichki-brend-04.jpg

devojka-so-daunov-sindrom-stana-zashtitno-lice-na-kozmetichki-brend-03.jpg

devojka-so-daunov-sindrom-stana-zashtitno-lice-na-kozmetichki-brend-02.jpg

Прочитајте и Вработен во McDonald's со Даунов синдром се пензионира по 32 години работа!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка го остави момчето дома и појде на гратис патување од 22.000 ев... Што мислите дали момче од Македонија би ѝ го дозволило ова на својата партнерка?...
4-годишно момче со Даунов синдром стана модел и го освојува светот „Мислевме дека светот е суров, но среќни сме што погрешивме, светот го прифати н...
Што се служи во рестораните со Мишелин ѕвезди за време на празниците? Ако за едни празничната трпеза е полна со руска салата, сарма, свинско месо и до...