Како наставниците во светот се грижат за менталното здравје на учениците?

Менталното здравје не смее да се запоставува, а една професорка има генијална идеја како учениците дискретно да кажат како се чувствуваат и да добијат помош.

mentalnoto-zdravje-pred-se-genijalnata-ideja-so-koja-nastavnicite-niz-svetot-dopiraat-do-uchenicite-01.jpg

Иако многумина го занемаруваат, сепак менталното здравје е многу важно и мора да се обрнува посебно внимание, дури и кај децата.

Ерин Кастиљо е професорка во средно училиште која дошла до генијална идеја како да допре до учениците.

Таа дизајнирала табела со посебни делови со изјави рангирани од - „Јас сум супер“, „Јас сум океј“ и „Јас сум онака“ до – „Јас се борам“, „Јас поминувам низ тежок период“ и „Јас се чувствувам мрачно“.

Учениците треба да го напишат нивното име на задната страна на самолепливо ливче и да го залепат во тој дел кој најдобро опишува како се чувствуваат во моментот.

На тој начин, професорката може да разговара со децата кои ќе го остават своето ливче во последните делови од табелата и да им помогне, без притоа тие да мораат да го откријат нивното име пред сите.

Тие години за децата може да бидат тешки понекогаш, но оваа професорка нашла одличен начин како да допре до нејзините ученици и да им помогне, како и да им даде до знаење дека не се сами во нивните борби, а нејзиниот метод е прифатен и поддржан од многумина. 

Wow. This teacher has her students write their name on back of a sticky note and place it on the chart each Monday. She...

Posted by Suicide Awareness / Prevention on Tuesday, 26 March 2019

Овој концепт се прошири вирално на социјалните мрежи, а професорите од светот се инспирирале од овој одличен метод, па почнале да го применуваат и сами.

Одлична идеја која може да ја преземат и професорите кај нас и може да ја приспособат за своите ученици...

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Порано се срамела, сега гордо го покажува – Девојката со најширок јазик во светот Во детството ја исмејувале и луѓето постојано ѝ коментирале за широкиот јазик, п...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
Најстарата жена во светот има 116 години: Се родила кога владеел пра-прадедото на кралицата Елизабет... Со своите 116 години, Етел од Англија е најстарата жена во светот. Се родила пре...
Над 20 години ја држела како робинка за да ѝ го чисти домот: Детали за случајот што го згрози светот Повеќе од 25 години, жена од Англија која требало да се грижи за девојка со проб...
Родена во куќа од кал, уапсена е за наркотици, а сега е најмоќната жена на светот: Која е првата дам... Силија Флорес не е претседател на Венецуела, не седи на официјалната фотелја на ...
„Маж ми 18 години е заглавен во најстрашниот затвор во Дубаи – условите се ужасни, имаше и туберкуло... „Условите се ужасни. Исхраната е лоша и немаат никаква физичка активност. Рајан ...

Најчитани неделава