Најопасен бакнеж - На што сè се подготвени паровите за добра Инстаграм фотка?

Инстаграм паровите и блогерите се подготвени да си го ризикуваат животот и да се соочат со низа критики само за да направат добра фотка со многу лајкови.

najopasen-baknezh-na-shto-se-se-podgotveni-parovite-za-dobra-instagram-fotka-01.jpg

Пред неколку месеци, блогерка беше нападната што висела од воз во движење само за да направи добра фотка.

najopasen-baknezh-na-shto-se-se-podgotveni-parovite-za-dobra-instagram-fotka-02.jpg

Таа не единствена што го направила тоа, а последно се прошири фотката на белгиски Инстаграм пар кој виси од возот што се движи на мост и се бакнува.

Секако, фотката изгледа совршено и многумина ја опишуваат како „најубавиот и најопасниот бакнеж“, но сепак очекувано, се соочија со многу критики заради пораката што ја испраќаат.

Досега многупати сме сретнале блогери и блогерки кои прават фотки пред или на воз во движење, а нивното оправдување е дека истиот се движел пребавно.

Прочитајте и Блогерка обвинета што се сликала пред воз кој се движи, за добра Инстаграм фотка

najopasen-baknezh-na-shto-se-se-podgotveni-parovite-za-dobra-instagram-fotka-03.jpg

Она што многумина се обидуваат да посочат е дека иако можеби во моментот тоа не било толку опасно за нив, од фотографија не може да се забележи дали возот стои, се движи бавно или брзо, па младите обидувајќи се да ги ископираат, може да си го загрозат животот.

Инаку, парот на инстаграм е познат како @backpackdiariez, а во описот им стои дека се на бесконечен меден месец, па нивните фотки од патувања низ светот се навистина прекрасни.

Сè додека не шират погрешни пораки и не си го загрозуваат животот, тие може да бидат инспирација.

Погледнете некои од нивните најубави „безбедни фотки“:

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ги викаа „најубавиот италијански пар“ - По разводот тој откри дека покажувале лажна среќа на Инстагр... Раперот признава дека чувствува гадење кон својот минат живот, кога играл улога ...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Вознемирувачко видео - Авион удира во падобран и ги кине јажињата, жената се спаси со помошниот падо... На небото во Австрија, во близина на Цел ам Зе, викендов се случуваше вистинска ...

Најчитани неделава