Ексклузивни фотографии: Како изгледаат обидите за спасување на Нотр Дам во Париз?


Ексклузивни фотографии: Како изгледаат обидите за спасување на Нотр Дам во Париз?

Речиси три месеци после пожарот во Нотр Дам во Париз, главниот архитект, Филипе Виленув, изјави дека сè уште постои ризик да се сруши покривот на историската градба.

ekskluzivni-fotografii-kako-izgledaat-obidite-za-spasuvanje-na-bogorodichnata-crkva-vo-pariz-01.jpg

Човекот одговорен за надгледувањето на конструкцијата на црквата вели дека ризикот од катастрофално рушење е можеби мал, но не може да се знае вистинската штета сè до крајот на годината.

Оние кои работат на реконструкцијата имаат навистина краток рок – претседателот Макрон изјави дека црквата треба да биде готова за пет години.

Но, Филипе смета дека сè уште не е добро позната висинската состојба на црквата, особено сега кога ентериерот е отворен на надворешни влијанија.

ekskluzivni-fotografii-kako-izgledaat-obidite-za-spasuvanje-na-bogorodichnata-crkva-vo-pariz-02.jpg

ekskluzivni-fotografii-kako-izgledaat-obidite-za-spasuvanje-na-bogorodichnata-crkva-vo-pariz-03.jpg

ekskluzivni-fotografii-kako-izgledaat-obidite-za-spasuvanje-na-bogorodichnata-crkva-vo-pariz-04.jpg

Рамката на покривот на црквата сега е само голем куп стопено олово. Самиот покрив е огромна дупка која засега е покриена со пластични прекривки и мрежа.

Останатите делови се изложени на дожд и високите температури. Токму на покривот, искра од непознат извор го започна пожарот на 15-ти април.

Сега, наредните неколку месеци, целта е да се расчистат остатоците од пожарот и срушениот покрив, но и да се отстранат цревата што беа користени за гасење на огнот.

ekskluzivni-fotografii-kako-izgledaat-obidite-za-spasuvanje-na-bogorodichnata-crkva-vo-pariz-05.jpg

Засега е опасно луѓе да работат во катедралата бидејќи која било манипулација или притисок може да предизвика дополнителна штета. Токму поради ова, архитектките и инженерите сè уште не можат да ја утврдат точната штета. Но, Филипе вели дека сензорите што биле инсталирани денот поле пожарот досега не забележале никакво движење што би укажувал на можно рушење.

ekskluzivni-fotografii-kako-izgledaat-obidite-za-spasuvanje-na-bogorodichnata-crkva-vo-pariz-06.jpg

ekskluzivni-fotografii-kako-izgledaat-obidite-za-spasuvanje-na-bogorodichnata-crkva-vo-pariz-07.jpg

Во внатрешноста на катедралата се употребуваат возила на далечинско управување за расчистување на отпадот. Но, ќе бидат потребни недели пред да се отстрани сè.

Секое делче што се отстранува е обележано и е сместено под шатор во дворот на црквата.

ekskluzivni-fotografii-kako-izgledaat-obidite-za-spasuvanje-na-bogorodichnata-crkva-vo-pariz-08.jpg

ekskluzivni-fotografii-kako-izgledaat-obidite-za-spasuvanje-na-bogorodichnata-crkva-vo-pariz-09.jpg

Францускиот претседател изјави дека црквата ќе биде повторно отворена за 5 години, најверојатно заедно со летните Олимписки игри во Париз во 2024-та година.

Но, овој рок е соочен со предизвици, вклучувајќи ја и дебатата за тоа дали катедралата да се редизајнира, или да се изгради иста како што беше.

ekskluzivni-fotografii-kako-izgledaat-obidite-za-spasuvanje-na-bogorodichnata-crkva-vo-pariz-10.jpg

Сепак, Филипе смета дека оваа одлука е далеку и дека сегашниот приоритет е расчистување на отпадот и подготвување на катедралата за реновирање.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Париз не е само Ајфеловата кула: Мрачната страна на градот на светлина... На страна од префинетите парижанки, кроасаните и убавиот живот, има луѓе чие сек...
Парови кои се доказ дека љубовта нема рок на траење Додека денешните, модерни бракови за жал се распаѓаат пребрзо, оние кои знаат да...
11 докази за мрачната страна на Париз Навечер покрај реката Сена има многу стаорци, поточно во Париз живеат 2 пати пов...