Маж и жена половина век јадат мали парчиња од нивната свадбена торта

„Оваа торта за нас беше специјална, па веруваме дека јадењето од неа ни носи среќа во бракот. Плус, романтично е“, вели брачниот пар.

mazh-i-zhena-polovina-vek-jadat-mali-parchinja-od-nivnata-svadbena-torta-01.jpg

Во некои делови од светот традиција е брачните парови да смрзнуваат дел од нивната свадбена торта и да јадат од неа на првата годишнина од брак. Се верува дека тоа носи среќа.

Но, Дејвид и Ен Каубрн од Пенсилванија наместо една, ова го прават веќе 49 години.

Тие секоја годишнина јадат по мало парче од нивната свадбена торта, смрзната уште на 18 јули 1970 година.

mazh-i-zhena-polovina-vek-jadat-mali-parchinja-od-nivnata-svadbena-torta-02.jpg

Тортата од ванила смрзната пред половина век преживеала 5 преселби на брачниот пар,3 деца и 4 внучиња.

На децата на Дејвид и Ен забавна им е посветеноста на нивните родители секоја година да каснат по ронка од тортата.

mazh-i-zhena-polovina-vek-jadat-mali-parchinja-od-nivnata-svadbena-torta-03.jpg

Сигурно тоа го прават во симболично мала количина, бидејќи не се знае тортата во каква состојба е по толку години, иако тие велат дека ја чувале во совршени услови така што не била опасна по нивното здравје.

mazh-i-zhena-polovina-vek-jadat-mali-parchinja-od-nivnata-svadbena-torta-04.jpg

„Ова е забавна и романтична работа, па затоа го правиме. Тоа за нас беше специјална торта“, вели 74-годишната Ен.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
„Ќе се венчам сама со себе по развод и неколку неуспешни врски – си купив и свршенички прстен“ „Кога им кажав на блиските, мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, шт...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...

Најчитани неделава