Шпанците живеат повеќе од 70 години во погрешна временска зона?

Еден од стереотипите што секогаш се издвојува за Германците е нивната точност. Од друга страна, секогаш кога зборуваме за Шпанците, се потенцира дека тие секогаш доцнат.

Spancite ziveat poveke od 70 godini vo pogresna vremenska zona 01

Точно е дека Шпанците започнуваат да работат подоцна, и дека излегуваат само по десет часот навечер, но тоа не е последица на јужниот менталитет.

Туристите се убедени дека Шпанците едноставно се такви и дека животот за нив започнува подоцна. Ова честопати му се припишува на медитеранскиот менталитет.

Сепак, причината за нивното „постојано доцнење“ е многу различна - Шпанците живеат повеќе од 70 години во погрешна временска зона!

Кога ја гледате мапата, според логиката на нештата, часовникот во Шпанија треба да го покаже времето како во Велика Британија, Португалија или Мароко, што го пресметуваат времето според Гринич.

Но часовникот го покажува истото време како и часовникот во Скопје (Централно-европско време), иако е Мадрид оддалечен повеќе од 2.000 километри.

Значи, да се обидеме да одговориме на прашањето зошто Шпанците живеат во погрешна временска зона?

Spancite ziveat poveke od 70 godini vo pogresna vremenska zona 02

За почеток, да се вратиме во 1940 година. Тогашниот сојузник на Хитлер, генерал Франциско Франко, ја сменил временската зона, поместувајќи го часовникот еден час напред, за да се солидаризира со нацистичка Германија.

Шпанците, кои биле опустошени од последиците на граѓанската војна, дури и не ја забележале промената, па едноставно продолжиле со своите навики. Но како што се движел часовникот, ручекот, кој требало да се јаде во 1 часот попладне, одеднаш започнал во 2 часот попладне.

По Втората светска војна, часовникот едноставно не се вратил назад.

Spancite ziveat poveke od 70 godini vo pogresna vremenska zona 03

Класичниот работен ден започнува во 9 часот наутро, проследено со пауза од 14 до 16 часот. После тоа, вработените се враќаат на работа каде остануваат до 8 часот навечер, така што социјалниот живот започнува, логично, дури после 10 часот.

Доцното изгрејсонце е голем проблем во зима, така што во Галиција, на северот на земјата, сонцето изгрева дури во 9 часот. Дали часовникот ќе се врати во блиска иднина, или Шпанците сепак ќе го задржат времето на Централна Европа, ќе покаже само времето.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Знаеме кој нè штити“: OAE плаќаат престој и храна за 20.000 заглавени туристи – жителите ги возвишу... „Така се прави тоа“, „Се чувствуваме безбедни зашто знаеме какви лидери се на че...
Си го сменила презимето и побегнала во Париз: Која е тајната ќерка на Владимир Путин? Владимир Путин нема потврдено, но не ни негирал дека има 22-годишна ќерка која ј...
Вирално видео: Луѓето во Кина ловат риба на поплавените улици, по тајфунот Рагаса Тајфунот Рагаса ги претвори улиците во јужниот дел на Кина во реки. Кога локалци...
Забавни и непријатни моменти на Super Bowl 2026 + најсмешните мемиња за настанот Ким Карадашијан се појави со новиот дечко, а настапот на Бед Бани навистина ги п...
Како да ја претчувствувала неговата смрт - први снимки од вдовицата на Чарли Кирк по атентатот Откако ја цитираше Библијата неколку часа пред атентатот на Чарли Кирк, во јавно...
Меланија Трамп во елегантно издание ја пречека новогодишната елка во Белата куќа (фото) Со пречекот на новогодишната елка, во САД започна сезоната на празнични настани ...

Најчитани неделава