„Медена земја“ и официјално со две номинации за Оскар!

И конечно се објавени номинациите за Оскари. „Медена земја“ е номиниран за „Оскар“, и тоа во две категории! 

medena-zemja-oficijalno-nominiran-za-oskar-01.jpg

„Медена Земја“ влезе во трката за најпрестижната филмска награда со номинации во две категории - за најдобар документарен филм и најдобар интернационален филм!

На официјалната Фејсбук страна на Honeyland ја објавија веста со гиф и следната изјава:

МЕДЕНА ЗЕМЈА Е НОМИНИРАН ЗА ОСКАР ВО ДВЕ КАТЕГОРИИ!

Пред сѐ, би сакале да се заблагодариме на членовите на Американската Академија (AMPAS) за тоа што го вклучи „Медена Земја“ во трката за најпрестижната филмска награда на светот.

Преку жената која случајно ја сретнавме, пред светот се отвори приказна - алегорија на една глобална слика каде хуманото и натуралното се борат да преживеат.

Атиџе и пчелите се прототип за новиот генетски материјал, кој треба да победи во битката на титаните, каде природата се бори со деструктивното.

Среќни сме дека светските критичари и членовите на Академијата го препознаа крикот на планетата, кој ечи меѓу фрејмовите во филмот. Ја открија големината на човекот, преку големината на единката. Се разнишаа убедувањата дека радоста се крие во поседувањето.

Ова е прв пат во историјата на Оскарите документарен филм да е номиниран во две категории, што значи дека ова не е само успех со историски размери, туку истово потврдува дека документарниот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување, каде стои рамо до рамо со фикционалната нарација, а заради својата реалност заслужува посебна опсервација. Провоцира искрено сочувство, кое не се заборава после гледањето на филмот.

Големо е достигнувањето на филмот. Големи се фестивалите, кои го слават и величаат. Но уште поголема треба да биде промената на која се надеваме. Таа промена тргнува од секој од нас поединечно.

Филмот повикува на скромност, а кога ја гледаме љубовта во очите на гледачите, силно веруваме дека пораката е препознаена и дека скромноста е новото време низ кое со радост ќе зачекориме.

Уште еднаш, бескрајна благодарност до членовите на Акедемијата што филмот го нарекоа - МАТЕРИЈАЛ ЗАСЛУЖЕН ЗА ОСКАР.

Тимот на Медена Земја

/?__xts__[0]=68.ARAMpAKN94AOMaraYKWRPtjq8BLWFHiBvH7sj7G5gsplNejhc0MNjheRR1kzpBxbkB4m04nLIi7SJ9VtRUYExAjGlbM4rhvpV2cWGU2k0DI5uyNub-Nf6cP-QEJ1dNQVLGEotTt2OJsNGi2yV0urGK7IBwOqYcmyFBbU8Cv0WmUH0llxpTp3ZKpgpkoCcxWBww7LAFg2GFLVs5VNSlqmorEjhgnLKfyU4PMJ_zcGufR8Mrr-dV1rCq_QdvCX4W1sPYrffi9rqsMNdLGQMKEhtn_a7kldvv0euL1tyOKEweUz7Bmy45xeAe8cK2ehG86iigo9L_f68aTECVzCFG6ZsucflCDRBgOnUYNC2WDfaY2DNas2qH_F0OQ&__tn__=-R

Покрај „Медена Земја“, номинирани во категоријата за најдобар документарен филм се:

medena-zemja-i-oficijalno-so-dve-nominacii-za-oskar-02.jpg

А, во категоријата за најдобар интернационален филм:

medena-zemja-i-oficijalno-so-dve-nominacii-za-oskar-03.jpg

Кинематографот Самир Љума сподели видео од моментот кога беа објавени номинациите:

/

Церемонијата на 92. издание на Оскарите ќе се одржи на 9 февруари 2020 година во Холивуд – и дефинитивно ќе нè остави будни таа ноќ!

Во меѓувреме документарецот повторно се прикажува во скопските кина: од 9 јануари е на репертоарот на „Милениум“, од 13 јануари во „Кинотека“, а од 16 јануари во „Синеплекс“.

Не пропуштајте да го погледнете филмот со кој навистина треба да се гордее цела Македонија!

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Луѓето во Кина ловат риба на поплавените улици, по тајфунот Рагаса Тајфунот Рагаса ги претвори улиците во јужниот дел на Кина во реки. Кога локалци...
Застрашувачки видеа од супертајфунот во Азија – над 100 исчезнати во Тајван, 2 милиони евакуирани во... Јужните делови на Кина, Филипините и Тајван се соочуваат со пустошот од супертај...
„Ми изгоре целото лице откако другар истури бензин во логорски оган – ми паѓаа парчиња кожа додека м... Млада девојка од САД го споделува своето страшно искуство за да ја зголеми свесн...
Убави вести од 2025-та кои поминаа незабележано: Во Хелсинки немало ниту една жртва во сообраќајка Озонската дупка „се затвора“ многу побрзо од прогнозите на експертите, а во пери...
Влегле преку балкон, украле дијамантски накит: Детали за филмскиот грабеж во музејот Лувр Во вчерашниот грабеж во Лувр, четири лица украле неколку парчиња накит од 19-тио...
Филмско апсење во Будимпешта: Маж украл картичка на Џони Деп и потрошил 700.000 долари, актерот не н... Маж од Унгарија речиси две години правел трансакции со податоците од кредитната ...

Најчитани неделава