2200 kg храна „истурена“ од хеликоптери за преживеаните животни во Австралија
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Account Manager 28-02-2020
Менаџер 28-02-2020


2200 kg храна „истурена“ од хеликоптери за преживеаните животни во Австралија

Пред една недела, службата за национални паркови во Нов Јужен Велс започна мисија со која ги прехранува животните кои настрадале, но ги преживеале австралиските пожари.

helikopteri-dostavuvaat-hrana-za-prezhiveanite-zhivotni-vo-avstralija-01.jpg

Во неколку делови од Австралија, со помош на хеликоптер се „фрлени“ над 2.200 килограми свеж зеленчук, воглавно моркови и сладок компир, за изгладнетите животни кои го преживеаа пожарот.

helikopteri-dostavuvaat-hrana-za-prezhiveanite-zhivotni-vo-avstralija-03.jpg

helikopteri-dostavuvaat-hrana-za-prezhiveanite-zhivotni-vo-avstralija-05.jpg

Иако, за среќа, голем број животни успеале да се спасат од пожарот, сепак тие останаа без нивните живеалишта, а со тоа и без храна.

helikopteri-dostavuvaat-hrana-za-prezhiveanite-zhivotni-vo-avstralija-02.jpg

Иницијативата за овој проект се покренала откако се утврдило дека поради пожарот, директно или индиректно загинале околу 1,25 милијарда животни.

Изумреа илјадници коали, кенгури и уште многу други видови животни.

helikopteri-dostavuvaat-hrana-za-prezhiveanite-zhivotni-vo-avstralija-06.jpg

На сличен проект работи и организацијата Animals Australia, која работи со помош на донации од јавноста. Организацијата користи мали авиони за мисијата, а неделава се очекуваат уште две пратки со храна за животните.

helikopteri-dostavuvaat-hrana-za-prezhiveanite-zhivotni-vo-avstralija-07.jpg

helikopteri-dostavuvaat-hrana-za-prezhiveanite-zhivotni-vo-avstralija-08.jpg

Портпаролот на Animals Australia изјави дека ќе направат сè за да го спречат умирањето на животните од глад:

„Бидејќи патиштата веројатно ќе бидат затворени со недели, ризикот од прегладнување на дивите животни е многу реален. Ќе биде трагично ако изгубиме уште животни само затоа што не сме им помогнале на преживеаните.“

helikopteri-dostavuvaat-hrana-za-prezhiveanite-zhivotni-vo-avstralija-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Опасноста демне: 4 нешта што треба да ги знаете за пожарите Ова лето во многу делови од Земјата е нетипично топло, а опасноста од пожари дем...
Храна од 400.000, венчаница од 190.000 евра: Луксузната свадба на 18-годишна руска наследничка Ирина Чигиринска, ќерката на рускиот тајкун Александар Чигирински, за која беше ...
Приказна која ќе ве разнежни, охрабри и мотивира: Имон Вуд e човекот кој го прошета светот во инвали... Сѐ започнало кога Имон Вуд решил дека сака да патува, да заборави на сѐ што му с...

Најчитани неделава