Емотивна исповед на мајката на Дражен Петровиќ: „Во Новак го гледам мојот син, тешко ми е кога лошо пишуваат за него“

„Кога го гледам Новак, како да го гледам мојот Дражен. Тешко ми е кога е повреден и кога пишуваат лошо за него“ – открива мајката на трагично загинатиот кошаркар Дражен Петровиќ, во најновото интервју.

emotivna-ispoved-na-majkata-na-drazhen-petrovikj-vo-novak-go-gledam-mojot-sin-teshko-mi-e-koga-losho-pishuvaat-za-nego-01.jpg

Во интервју за kurir.rs, Бисерка Петровиќ се потсетува на денот кога ѝ соопштиле дека нејзиниот син, југословенска и хрватска кошаркарската легенда, Дражен Петровиќ, загинал.

Таа зборува за тоа како семејството ја поднело трагедијата, за моментот кога една година подоцна се сретнала со Владе Дивац, а го спореди Новаќ Ѓоковиќ со нејзиниот син заради победничкиот менталитет.

На 7-ми јуни 1993-та година, Дражен трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Германија, а таа кобна вечер кога заѕвонел телефонот, Бисерка мислела дека е нејзиниот син...

„Беше околу 22 часот... Се подготвувавме да си легнеме во станот на Дражен на 14-ти кат. Тој ден попладнето ни се јави од аеродром во Франкфурт, рече дека ја испратил валканата облека и дека ќе дојде за 2 дена. Се јавив, мислев дека тој се јавува.

Женски глас праша дали е тоа станот на Дражен Петровиќ. Беше Македонка, преведувач, слабо зборуваше хрватски. „Вашиот син загина“, рече. Тие зборови... не знам како ги преживеав.

Тргнав кон терасата, во тие моменти не можете да го контролирате телото... Во шок сте и мозокот реагира поинаку. Мојот сопруг Јоле беше поприсебен, ме фати, го спречи најлошото и ме спаси.

Благодарна сум му, бидејќи сега можам да одработам сѐ за Дражен. За митот за него да продолжи да живее. За она што го направи во неговиот краток живот да остане запишано како што доликува и да се прераскажува со генерации. Тоа ме одржа.“ – споделува мајката на кошаркарот.

emotivna-ispoved-na-majkata-na-drazhen-petrovikj-vo-novak-go-gledam-mojot-sin-teshko-mi-e-koga-losho-pishuvaat-za-nego-02.jpgФото: Немања Николиќ / Извор

Кога тој загина, многу луѓе жалеа за него иако не го ни познавале, а Бисерка споделува дека тоа многу ѝ значело. Тоа што секој човек до ден-денес памти каде бил кога ја слушнал ужасната вест.

„Знам само едно, човечката страна на Дражен беше посилна од спортската. И после 27 години луѓето не го пуштаат Дражен од себе“, споделува таа.

emotivna-ispoved-na-majkata-na-drazhen-petrovikj-vo-novak-go-gledam-mojot-sin-teshko-mi-e-koga-losho-pishuvaat-za-nego-03.jpgФото: Немања Николиќ / Извор

На прашањето дали се согласува дека Дражен имал победнички менталитет и психа на теренот исто како и Новак Ѓоковиќ, Бисерка вели:

„Апсолутно. Новак е како да е од моето семејство, секогаш ми е тешко кога е повреден или кога се пишува лошо за него. Знаев дека ќе се врати и ќе демантира сѐ со неговата игра.

Кога го гледам Новак, како да го гледам мојот Дражен, колку тој се вложува на теренот, колку сака да биде најдобар.

Мислам дека тоа се двајцата најсилни спортисти во историјата на овие простори. Кога победи во Австралија, веднаш му пративме честитка. Бевме во ресторанот кај родителите на Новак, тоа е прекрасно семејство, се спријателивме.“

Во кошаркарските кругови, Дражен беше најблизок со Владе Дивац, но заради воената ситуација на нашите простори, дојде до заладување на односите помеѓу нив, а за ова Бисерка вели:

„По заминувањето од Америка тие секој ден се слушаа на телефон. Го знам тоа. Потоа тука почна да се случува сешто.

Го прашав Дражен – Па што се случува помеѓу вас двајца, знам дека секогаш бевте во комуникација, нема врска тоа со политика..., а тој на тоа ми одговори – Мислам дека има, помеѓу нас ништо не е спорно, но како нешто да се случи во воздухот...

emotivna-ispoved-na-majkata-na-drazhen-petrovikj-vo-novak-go-gledam-mojot-sin-teshko-mi-e-koga-losho-pishuvaat-za-nego-04.jpg

„Дивац е многу чувствителен човек. Година дена по трагедијата, тој нѐ здогледа, дотрча до нас и толку силно нѐ прегрна, што не можеше да изговори збор. Сега цела се ежам кога ќе помислам на тоа.“

emotivna-ispoved-na-majkata-na-drazhen-petrovikj-vo-novak-go-gledam-mojot-sin-teshko-mi-e-koga-losho-pishuvaat-za-nego-05.jpegФото: Извор

Она што е навистина чудно, е што личната карта на Дражен истекувала на денот кога загина, а за ова Бисерка вели:

„Личната карта ја најдов во Шибеник. Цела се потресов кога видов дека истекува на 7-ми јуни 1993-та, денот кога настрада. А, часовникот, никој не ми веруваше кога го донесов тука. Застанат беше на 5.20, а не беше скршен. Несреќата се случила 5 минути порано.“

emotivna-ispoved-na-majkata-na-drazhen-petrovikj-vo-novak-go-gledam-mojot-sin-teshko-mi-e-koga-losho-pishuvaat-za-nego-06.jpgФото: Немања Николиќ / Извор

Целото интервју може да го прочитате ТУКА.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Момче (10) се ожени со својата детска љубов, 12 дена пред таа да почине од леукемија „Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но таа отсекогаш сакаше да биде сопр...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Маж се вљубил во жена со џуџест раст - свекрвата не сакала да ја прифати затоа што е висока колку 2-... „Ако Брајан е среќен со тебе и ако се сакате, јас сум пресреќна“. Со овие зборов...
„Поради ретко нарушување немам коса - цел живот ме малтретираа за изгледот, но денес работам како мо... Поради ретко нарушување, 21-годишната Хана Харпин голем дел од животот била жртв...
„Ми се смачи да бидам сингл, ќе му платам 4.500 евра на оној што ќе успее да ми најде маж“ „Ако ме запознаете со некој што подоцна ќе ми стане сопруг, ќе ви платам 5.000 д...
„Го посвоив бебето на бившата сопруга на мојот партнер, откако таа почина – го сакам како свој син“ „Знаев дека влегувам во животот на дете што никогаш не сум го сретнала и бев заг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg