Соседите ја пеат „Недеља“, колегите со емотивни пораки – Регионот се збогува од Џеј Рамадановски

„Mногу ќе ни недостасуваш, а посебно твојата насмевка и твоето познато Кај си бе Македонче? Шо ќе праиме?“ - Тијана Дапчевиќ, Марија Шерифовиќ и уште многу други ѕвезди се збогуваа со емотивни пораки од кралот на народната музика, Џеј Рамадановски, а соседите ја пееја „Недеља“ на прозорци. 

sosedite-ja-peat-nedelja-kolegite-so-emotivni-poraki-regionot-se-zboguva-od-djej-ramadanovski-01.jpgфото: Инстаграм (Џеј Рамадановски, Тијана Дапчевиќ, Марија Шерифовиќ)

Вчерашната недела го зави во жалост Балканот откако се прошири веста за загубата на српскиот пејач Џеј Рамадановски.

Српскиот пејач со македонско потекло кое честопати гордо го спомнуваше, беше познат по многу песни, меѓу кои и легендарната „Недеља“ чии стихови беа едни од омилените на фановите, а сега уште повеќе им одѕвонуваат во главите.

Срцето на Џеј престана да бие токму во недела, на негова 56-годишна возраст. Според српските медиуми причината за смртта е срцев удар, а пејачот неодамна отворено зборуваше за проблемите со срцето и операцијата која ја правел пред неколку години. Токму заради лошата здравствена состојба тој во последниот период бил постојано дома и не излегувал за да се заштити од актуелниот корона вирус. 

Неговите соседи вчеравечер по веста за неговата смрт, на прозори ја пееја неговата песна „Недеља“ и од зградите во Белград одекнуваа уште многу други песни од пејачот:

Колегите од Балканот се збогува со емотивни пораки на социјалните мрежи од кралот на народната музика, како што многумина го нарекуваа.

Марија Шерифовиќ

„Џеј, никогаш повеќе нема да се повтори. Не се повторува таква душа, таква насмевка, таков хумор. Не се повторува веќе таква боја на глас. За песните и да не зборувам. Јас и да сакам не можам никогаш да те заборавам, бидејќи без твоите песни не се живее, не се сака и не се весели. Нека те чуваат ангелите.“

Тијана Дапчевиќ

„Мил мој Џеки. Нека те чуваат ангелите, многу ќе ни недостасуваш, а посебно твојата насмевка и твоето познато Кај си бе Македонче? Шо ќе праиме? Почивај во мир.“

Огнен Амиџиќ

„Најдобрата работа која ги создаде несреќните 90-ти години, замина. Неповторлив глас, емоција и песна. Мангуп. Боем. Господин. Алеја на славните. И бесмртните. Џеј!“

?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1335608350575386627%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fjetset%2Fvesti-jetset%2F3272677-nedelja-i-svi-smo-tu-ali-tebe-s-nama-nema-javne-licnosti-se-u-suzama-oprastaju-od-dzeja

Иван Ивановиќ

Панчо од ДНК

Драган Којиќ – Кеба

„Не постои збор со кој може да се објасни тагата и празнината. Прерано е за сето тоа.“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Трамп меѓу гостите, настапи на Џеј Ло и Тиесто: Детали за една од најскапите индиски свадби Ќерката на милијардер од Индија викендов стапи во брак. Прославија со тридневна ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Кој е новиот министер за здравство на Унгарија, што ја освои јавноста со победничкиот танц? (видео) Новиот министер за здравство на Унгарија, д-р Жолт Хегедуш, првпат ги покажа тан...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Светскиот диџеј Махмут Орхан пушташе музика во родното село во Турција – дели сарми, ги прегрнува ро... Иако е светски познат диџеј, не заборава од каде му се корените – Махмут Орхан п...
Одбија да ја пеат химната пред натпревар во Австралија: Каква казна ги очекува фудбалерките од Иран ... Минатата недела, неколку жени од иранскиот фудбалски клуб одбија да ја пеат химн...

Најчитани неделава