Руска инфлуенсерка стана мета на критики, откако позираше гола на слон од загрозен вид

„Кутар слон. Не ли се срамиш да лежиш гола на слонот? Тоа е живо суштество.“, е еден од осудувачките коментари за 22-годишната Русинка.

ruska-influenserka-stana-meta-na-kritiki-otkako-pozirashe-gola-na-slon-od-zagrozen-vid-01.jpg

Алесија Кафелникова е руска инфлуенсерка со повеќе од 555.000 следбеници на Инстаграм, која побуди револт кај многумина откако гола лежеше на слон од загрозен вид на Бали, Индонезија.

Краткото видео што го сними 22-годишната Русинка легната врз слонот ги згрози нејзините следбеници и таа доби многу критики.

Според магазинот „The Sun“ станува збор за суматрански слон, вид кој е многу загрозен.

Алесија го отстрани видеото од својот Инстаграм профил, но скриншот од истото кружи по светските медиуми.

Инаку, таа е ќерка на поранешен руски тениски шампион.

ruska-influenserka-stana-meta-na-kritiki-otkako-pozirashe-gola-na-slon-od-zagrozen-vid-10.jpg

Еден од осудувачките коментари за потегот на Алесија гласи: „Кутар слон. Не ли се срамиш да лежиш гола на слонот? Тоа е живо суштество. Парите фрлија сенка на сѐ“.

„Уште една трагична тривилизација на маестралниот азиски слон, кога видот се бори за своето постоење наспроти бруталната злоупотреба од туризмот и забавата за луѓето“, е уште еден од коментарите.

ruska-influenserka-stana-meta-na-kritiki-otkako-pozirashe-gola-na-slon-od-zagrozen-vid-09.jpg

Во последно време навистина е згрозувачки што за собирање на следбеници и заработка од Инстаграм се прават низа бесмислени работи.

На Инстаграм уште стојат нејзините фотографии од Бали:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Го злоупотреби“ - Слон бил офарбан розов, бизарниот потег на фотографка поттикна револт во Индија „Злоупотреби стар слон само за фотосесија. Слонот сега е мртов, а ти се обидуваш...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...

Најчитани неделава