Принцот Хари живее како „обичен“ човек на плажа со кучето + обвинети со Меган дека лажеле за тајната венчавка

Принцот Хари веќе е како секој „обичен“ човек откако целосно се одвои од кралското семејство и беше забележан како си игра со неговото куче на плажа, а во меѓувреме, свештеникот што ги венчаше изјави дека тој и Меган лажеле за тајната венчавка која наводно се случила пред официјалниот настан.

princot-hari-si-igra-so-kucheto-na-plazha-kako-obichen-chovek-so-megan-lazhele-za-tajnata-venchavka-01.jpg

Принцот Хари сè повеќе се привикнува на „обичниот“ живот, кој очигледно му годи. Неодамна тој си најде работа, а деновиве, пак, беше забележан на плажа во Калифорнија, како си игра со кучето што го чуваат со Меган.

princot-hari-uzhiva-vo-normalniot-zhivot-si-igra-so-kucheto-na-plazha-so-megan-lazhele-za-tajnata-venchavka-02.jpg

Хари носеше бела маичка и тегет кратки панталони, како и бејзбол капче, а според фоките кои беа ексклузивно објавени од страна на магазинот People, се чини дека навистина ужива во „нормалниот“ живот.

princot-hari-uzhiva-vo-normalniot-zhivot-si-igra-so-kucheto-na-plazha-so-megan-lazhele-za-tajnata-venchavka-03.jpg

princot-hari-uzhiva-vo-normalniot-zhivot-si-igra-so-kucheto-na-plazha-so-megan-lazhele-za-tajnata-venchavka-04.jpg

„Беше навистина опуштен. Има одличен однос со неговото куче и го шета без поводник. Веќе изгледа како локален жител кој си ужива во денот и опуштено шеташе бос по плажата“, вели извор близок до Хари.

princot-hari-uzhiva-vo-normalniot-zhivot-si-igra-so-kucheto-na-plazha-so-megan-lazhele-za-tajnata-venchavka-05.jpg

Хари и Меган го чуваат кучето од 2018-та, а му го дале името Пула. Наводно, за името биле инспирирани од Боцвана, односно тамошната валута – пула – бидејќи тоа им беше првото заедничко патување како пар.

Во меѓувреме се појавија нови контроверзии во врска со нивното ексклузивно интервју со Опра. Во интервјуто Меган откри дека таа и Хари се венчале неколку денови пред официјалната венчавка.

Наводно, тие сакале церемонија само за нив двајцата, па се венчале во тајност, а на настанот не присуствувал никој друг освен свештеникот кој ги венчаше и на официјалната церемонија.

Ова значи дека венчавката што ја следеше целиот свет, која се одржа на 19-ти мај 2018-та, на некој начин, била лажна.

princot-hari-uzhiva-vo-normalniot-zhivot-si-igra-so-kucheto-na-plazha-so-megan-lazhele-za-tajnata-venchavka-06.jpg

Сега, пак, се огласи свештеникот, односно архиепископот од Кантербери, кој ги венчаше на официјалната венчавка, прво со изјава за италијански медиум, која подоцна беше потврдена и од CNN:

„Легалната венчавка се случи на 19-ти мај 2018 година. Јас го потпишав сертификатот, кој е легален документ. Ова значи дека јас би сторил сериозно кривично дело ако го потпишев документот знаејќи дека е лажен. Сами донесете заклучок од ова. Но, легалната венчавка беше на 19-ти. Сепак, не зборувам што се случувало на претходните состаноци со нив“.

Според изјавата на архиепископот, Хари и Меган дефинитивно стапиле во брак за време на кралската венчавка, но можно е да си направиле приватна церемонија само за нив, без потпишување документи. Бидејќи свештеникот не открива ништо друго, ни останува само да претпоставуваме.

princot-hari-uzhiva-vo-normalniot-zhivot-si-igra-so-kucheto-na-plazha-so-megan-lazhele-za-tajnata-venchavka-07.jpg

Хари и Меган најавија дека се повлекуваат од кралското семејство во јануари минатата година, најмногу поради огромниот притисок од јавноста и медиумите.

Во интервјуто на Опра открија и дека додека биле во палатата се соочувале со расизам, а Меган страдала од депресија и никој не сакал да ѝ помогне.

Наводно, после интервјуто Хари го заладил односот со кралското семејство, а кралицата Елизабета изјави дека сериозно ќе ги разгледа обвиненијата за расизам во палатата.

Погледнете и Загриженост на семејството за бојата на кожата на бебето, тајна венчавка – Што сè открија Меган и Хари во шокантното интервју кај Опра?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Принцот Џорџ е пораснат дечко покрај мама Кејт Мидлтон на Вимблдон – во одело и кравата како вистинс... Кејт Мидлтон отмена и елегантна како секогаш, воодушеви заедно со пораснатиот си...
Членови на кралското семејство кои биле ужасни со вработените – Слугинките плачеле од Меган Маркл На принцезата Дијана воопшто не ѝ бил лесен животот со кралското семејство. Па, ...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Принцот Ендру е уапсен на неговиот 66-ти роденден поради случајот со Џефри Епстин - наводно издавал ... Денес (19.02) братот на кралот Чарлс беше уапсен поради сомнеж за злоупотреба на...

Најчитани неделава