Кој е Сајмон Дорант Деј, човекот кој тврди дека е таен син на принцот Чарлс и Камила и наследник на круната?

Австралијанецот Сајмон Дорант Деј кој е роден во Обединетото Кралство повторно објави нови фотографии со цел да докаже дека тој е тајното дете на принцот Чарлс и Војвотката од Корнвел, Камила.

Koj-e-chovekot-koj-tvrdi-deka-e-vonbrachen-sin-na-Kamila-Charls-i-deka-kje-bide-naslednik-01.jpg

Според неговите тврдења, тој бил зачнат во 1965-тата година, а иако официјалните податоци велат дека Чарлс и Камила се запознале во 70-ите години, сепак тој тврди дека тие биле во романтична врска многу порано.

Имено, Сајмон Дорант Деј тврди дека тој е вонбрачно дете на принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс. Тој веќе со децении се бори да ги докаже овие тврдења, а дури поднесе пријава и до Врховниот Суд во Австралија. 

Тој вели дека наводно има фотографии што докажуваат дека тој е нивно дете и дека поради тоа треба да биде наследник на тронот.

Како што веќе изјави за медиумите, тој верува дека неговиот идентитет ќе бил разоткриен пред 24 години да не се случеше прераната смрт на принцезата Дијана на 31-ви август 1997-мата година.

„Веруваме дека Дијана знаеше за моето постоење и ги склопила коцките“ - изјави Сајмон за New Idea.

Всушност, тој е уверен дека принцезата дознала за неговото постоење и дека имала намера јавно да ги изнесе информациите пред да почине.

„Во тоа време имаше бројни гласини за кралското семејство и моето постоење беше една од нив. Мислам дека Дијана во тој миг наоѓаше одговори за сопствениот живот и каква неправда ѝ била нанесена и сакаше јавно да го објави тоа“ - вели Сајмон.

Според податоците што ги изнесува, јасно е дека тој верува дека бил зачнат кога Чарлс имал само 17 години, а Камила 18.

Според неговите тврдења, Камила останала бремена во 1965-тата година, а бременоста ја чувала во тајност. Тој, како што тврди бил роден во април 1966-тата година во Госпорт, во близина на Портсмут, Англија.

Бил посвоен кога имал 8 месеци од страна на семејство што наводно е поврзано со кралското семејство. Мајката и таткото на родителите што го посвоиле (Карен и Дејвид Деј), Винифред и Ернест, работеле за кралицата и за принцот Филип, а Ернест добил и награда за неговата работа.

„Баба ми која што работеше за кралицата отворено ми кажала повеќепати дека јас сум син на Камила и Чарлс“ - изјавил Дорант-Деј во интервју за 7News.

kamila-carls-1965.jpg1965-та година: Камила со мајка ѝ како млада дебитантка и принцовите Чарлс и Филип на поло меч 

Дорант Деј на својата страна на Facebook, која инаку има околу 8.000 фанови и е поддржана од неговиот легален тим и сопругата д-р Евиана Дорант Деј, објавува повеќе фотографии со коишто сака да го докаже своето потекло.

Деновиве објави нова фотографија од својот син Лијам која ја спореди со фотографија на кралицата во нејзините 20-ти години. Според него сличноста е зачудувачка.

sajmon-slika-lijam.jpg

Како и да е, тврдењата на Дорант Деј во голем дел не соодветствуваат со официјалните податоци од кралското семејство.

Tој е роден во 1966-тата година, но според официјалните информации, принцот Чарлс и Камила се запознаваат на поло меч во 1970-тата година, а почнуваат афера во 1986-тата година.

Дополнително, според официјалните податоци во периодот на 1965-тата година, Камила била млада „дебитантка“ во Лондон. Откако се отселила од семејниот дом, таа живеела во мал стан во Кензингтон заедно со нејзината пријателка Џејн Виндхам.  

charls-kamila-1970.jpgПринцот Чарлс и Камила се запознаваат во 1970-тата година

Во тоа време за кое Дорант тврди дека е роден, ниту принцот Чарлс, ниту Камила не се поврзуваат дека биле во љубовна врска со некого.

Иако Дорант Деј веќе повеќе години наназад ги изнесува своите тврдења во медиумите, засега нема никакви коментари од страна на кралското семејство за него.

Инаку, како што веќе знаеме, принцот Чарлс има два сина, принцот Вилијам  и принцот Хари од бракот со принцезата Дијана. Камила пак од бракот со Ендру Паркер Боулс има две деца - Лаура и Том.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Pinterest/ Vanity Fair

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Камила ја презирала Кејт Мидлтон – сметала дека е многу „обична“ за Вилијам, ја понижила пред свадба... „Камила цврсто стоеше на ставот дека идниот крал на Англија треба да се венча со...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...

Најчитани неделава