Кога Сонцето наликува на „огнена“ полумесечина: Неверојатни фотки од соларната еклипса ширум светот

Дел од жителите на североисточниот дел на САД, како и во одделни држави во Европа и Азија, вчера имаа можност да го проследат затемнувањето на Сонцето, што наликуваше на огнен прстен на небото.

Koga-Sonceto-nalikuva-na-polumesechina-Neverojatni-fotografii-od-zatemnuvanjeto-naSonceto-vo-svetot-01.jpg

Станува збор за феномен познат како прстенесто затемнување што се јавува кога Сонцето и Месечината се во иста линија, но привидната големина на Месечината е помала од онаа на Сонцето. Оттука Сонцето се појавува како многу светол прстен, кој го опкружува темниот диск на Месечината. Поради ова, на некои места Сонцето наликуваше на огнена полумесечина, односно, на огнен прстен.  

Појавата на небото беше фотографирана од неколку локации, а најдобрите фотки се од местата каде што беше во целост видлива, односно од Канада, Гренланд и Сибир. Појавата беше делумно видлива во североисточните делови на САД, северна Европа и во северна Азија.

За жал, огнениот прстен не беше видлив над небото во Македонија.

Погледнете како изгледаше овој магичен феномен ширум светот:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зимска бајка во Исланд среде октомври – падна 27cm снег, децата се лулаат, поларната светлина е маги... Куќите и дрвјата се затрупани во снежна покривка, децата се лулаат на игралишта ...
Дечко ја запроси саканата во гардероба во ZARA и стана мета на шеги: „И прстенот ли го купи таму?“ (... „Од сите места на светот, ти си ја одбрал ZARA“, „И јас би плачела“ – ова се сам...
„Ќе се венчам сама со себе по развод и неколку неуспешни врски – си купив и свршенички прстен“ „Кога им кажав на блиските, мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, шт...
„Живеам во гратче на Алјаска каде сонцето не изгрева по 2 месеца – славиме кога завршува поларната н... „Темницата не нè забавува, но мораме да го слушаме телото за тоа кога е време да...
Застрашувачки видеа од супертајфунот во Азија – над 100 исчезнати во Тајван, 2 милиони евакуирани во... Јужните делови на Кина, Филипините и Тајван се соочуваат со пустошот од супертај...
„Најубавото девојче на светот“ се сврши во Атина – романтично запросување со прстен од 40.000 евра Како малечка беше прогласена за најубаво девојче на светот, а денес е 24-годишна...

Најчитани неделава