Доктори од Велика Британија трогнаа пациентка: На смртна постела ѝ ги донесоа милениците


Доктори од Велика Британија трогнаа пациентка: На смртна постела ѝ ги донесоа милениците

Кога има доктори со срце планина, способни за емпатија, тогаш има пациенти со зрак среќа во очите, дури и на смртна постела.

doktori-od-velika-britanija-trognaa-pacientka-na-smrtna-postela-i-gi-donesoa-milenicite-01.jpg

Џен Холман (68) од Велика Британија четири седмици престојувала во институцијата „Hospice of the Good Shephard“ и за време на целиот престој копнеела по друштвото на својот коњ и кучињата.

Докторите во оваа институција, која е наменета за лица на кои им се обројани деновите живот, направиле организација да ѝ ги донесат нејзините сакани миленици до болничкиот кревет.

За коњот Боб, Џен постојано велела дека е неверојатно важен дел од нејзиниот живот, а исто така и нејзините кучиња.

Џен, иако не можела да стане од кревет, била трогната од средбата со нејзините сакани миленици со кои благодарение на болничкиот персонал добила шанса да си го каже последното збогум.

„Не ми се верува што направи болничкиот персонал за мене“, вели трогната Џен.

doktori-od-velika-britanija-trognaa-pacientka-na-smrtna-postela-i-gi-donesoa-milenicite-02.jpg

„До пред неколку седмици јас сè уште го јавав Боб секој ден и овие седмици ми недостигаше навистина многу.“

Фотки од емотивната средба:

doktori-od-velika-britanija-trognaa-pacientka-na-smrtna-postela-i-gi-donesoa-milenicite-03.jpg

doktori-od-velika-britanija-trognaa-pacientka-na-smrtna-postela-i-gi-donesoa-milenicite-05.jpg

doktori-od-velika-britanija-trognaa-pacientka-na-smrtna-postela-i-gi-donesoa-milenicite-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена си позира за селфи во метро како никој да не ја гледа (видео) Жена одржа лекција за самодоверба откако си направи фотосесија среде метро. Храб...
Жена, по 4 деца и развод, на 37 години стана Плејбој модел Цел живот имала желба да биде модел, а по разводот успеала да си го реализира св...
Жена откри дека момчето ѝ го спасило животот 6 години пред да се сретнат Нивната уникатна љубовна приказна е доказ зошто донирањето крв е бесценето. Н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg