Без срам ми велат: „Премногу си дебела за него – како улови маж како него?“

Една девојка решила да им возврати на злобните коментари на луѓето кои не ѝ веруваат дека е во врска со „мускулест“ маж, додека таа е, како што велат, „дебела“.

Komentari-od-tipot-Premnogu-si-debela-za-nego-ne-me-dopiraat-01.jpg

Поради нејзината порака, таа стана ѕвезда на TikTok, и сè што сака е луѓето да престанат да го коментираат нејзиното тело, бидејќи таа тврди дека е совршено среќна таква каква што е.

Алиша Мекарвел ги откри најнепријатните прашања кои ги добила поради врската со маж кој е „позгоден“ од неа.

„Ми поставуваат прашања од типот: „Како дебела жена може да излегува со мускулест маж“, открила таа.

Алиша тврди дека ја прашале дали му е „спонзор“ на сопругот, на што таа рекла дека сам заработува. Таа додала дека непознати луѓе ја прашувале дали нејзиниот маж ја „присилува“ да оди во теретана, на што таа одговорила: „Тој не ме тера на ништо“.

Алиша ги советува луѓето да се грижат за својата врска, наместо да ја караат затоа што е среќна со сопругот.

„Многу е важно да препознаете дека она што го мислите за себе не е она што луѓето го мислат за вас. Во поголемиот дел од нашата врска, верував дека нема шанси Скот да ме сака, затоа што јас не се сакав себеси и едноставно тоа не функционираше така. 

Правев претпоставки, предизвикував кавги, правев да се чувствува како да не му верувам, го оттргнував, го одвлекував од интимноста, измислував приказни во мојата глава, ги претворав малите работи во големи работи. Кога ја одвоив мојата вредност од тежината сфатив колку сум вредна во оваа врска и мојот начин на размислување се промени. И да бидам искрена, би бил 'глуп' да не ме сака“.

„Ви го кажувам ова затоа што сакам да бидете сигурни дека додека се движите низ вашето патување кон самољубие, нема да го проектирате она што го мислите за себе на другите. Поминувам многу од моето време извинувајќи се за годините кога ги проектирав стравовите и не дозволував Скот да ме сака онака како што тој сакаше. Не правете ја мојата грешка“, рече таа на TikTok.

Повеќе фотографии од неа тука „Јас сум полничка девојка со дечко бодибилдер - зошто сите мислат дека ме изневерува?“

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Ќе се венчам сама со себе по развод и неколку неуспешни врски – си купив и свршенички прстен“ „Кога им кажав на блиските, мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, шт...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава