Трагичната љубовна приказна на позната манекенка: Преживеала цунами, но го изгубила саканиот – како ја пронајде среќата?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
монтер 18-01-2022


Трагичната љубовна приказна на позната манекенка: Преживеала цунами, но го изгубила саканиот – како ја пронајде среќата?

Чешката манекенка Петра Немцова по цунамито што го зафати Тајланд во 2004-та година цели осум часа висела на дрво пред да ја спасат, а нејзиното момче Сајмон Атли, 69 дена се водел за исчезнат. Таа потајно се надевала дека е жив и дека има амнезија и дека ќе ѝ се врати.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-poznata-manekenka-prezhiveala-cunami-no-go-izgubila-sakaniot-kako-ja-pronajde-srekjata-01.jpg

Петра Немцова (42) е чешка актерка, манекенка и ТВ личност. Кариерата ја почнала мошне рано, на возраст од 16 години, кога се преселила во Милано, а нејзината трагична љубовна приказна ја потресе светската јавност во 2004-та година.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-poznata-manekenka-prezhiveala-cunami-no-go-izgubila-sakaniot-kako-ja-pronajde-srekjata-02.jpg

Денес Петра е среќно омажена за бразилскиот бизнисмен Бенжамин Ларече, со кого го има 2-годишниот син Боди.

На нејзиниот Инстаграм профил редовно објавува фотографии од неа и од нејзиното семејство, но во 2004-та година таа доживеа голема трагедија за време на цунамито што беше предизвикано од земјотресот во Индискиот Океан, а во кое животот го загубија над 227.000 лица.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-poznata-manekenka-prezhiveala-cunami-no-go-izgubila-sakaniot-kako-ja-pronajde-srekjata-03.jpg

Со нејзиното тогашно момче Сајмон Атли биле на патување во Тајланд кога се случила големата трагедија.

Патувањето во Тајланд бил нејзин подарок за него, затоа што тој никогаш не бил таму, а таа сакала да го однесе на местото што чувствувала дека е нејзин „втор дом“.

Уште потрагично е тоа што истиот ден кога се случила трагедијата, тие ги пакувале куферите за да си заминат.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-poznata-manekenka-prezhiveala-cunami-no-go-izgubila-sakaniot-kako-ja-pronajde-srekjata-10.jpg

Во интервју за Vanity Fair таа непосредно по несреќата говореше како се чувствувала во тие денови. Како што вели, постојано во неа имала надеж дека Сајмон можеби испливал на некоја плажа, но е во кома, дека можеби страда од амнезија.

„Верував дека е некаде со оштетување на мозокот“ – изјави таа.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-poznata-manekenka-prezhiveala-cunami-no-go-izgubila-sakaniot-kako-ja-pronajde-srekjata-06.jpg

Откако по цели 69 дена ѝ соопштиле дека и Сајмон е меѓу загинатите во Тајланд, таа била скршена од болка.

„Тој никогаш нема да си замине. Се чувствувам поврзана со него“ – рече таа.

Во истото интервју откри уште еден детаљ за нивната врска - Сајмон за првата годишнина ѝ подарил тетратка на која пишува „Те сакам“, а на секоја страница пишувал кратки описи за секој убав миг што го поминале заедно.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-poznata-manekenka-prezhiveala-cunami-no-go-izgubila-sakaniot-kako-ja-pronajde-srekjata-09.jpg

По ударот на цунамито Сајмон веднаш бил однесен од водената стихија, а Петра останала осум часа да виси на дрво, а се присетува како слушала викотници и плач насекаде и покрај неа гледала безживотни тела на загинати лица.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-poznata-manekenka-prezhiveala-cunami-no-go-izgubila-sakaniot-kako-ja-pronajde-srekjata-04.jpg

Во трагедијата Петра претрпела големи телесни повреди, а лекарите велеле дека е вистинско чудо што не останала парализирана.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-poznata-manekenka-prezhiveala-cunami-no-go-izgubila-sakaniot-kako-ja-pronajde-srekjata-05.jpg

По големата трагедија, Петра формирала добротворна организација што собира средства за деца од подрачја зафатени со катастрофи.

На љубовен план, по големата трагедија, сепак одлучи повторно да ја побара среќата.

За неа се знае дека беше во врска со Шон Пен, беше свршена и со британскиот актер Џејми Белман, со кого раскина во 2012-та година, а беше во врска со инвестицискиот банкар Алехандро Грималди до 2018-та година.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-poznata-manekenka-prezhiveala-cunami-no-go-izgubila-sakaniot-kako-ja-pronajde-srekjata-11.jpg

Во 2019-та година стапи во брак со бразилскиот бизнисмен Бенжамин Ларече. Со него го има 2-годишниот син Боди, кој бил предвреме роден, па првите денови од животот ги поминал во болница.

tragichnata-ljubovna-prikazna-na-poznata-manekenka-prezhiveala-cunami-no-go-izgubila-sakaniot-kako-ja-pronajde-srekjata-08.jpg

На следната страна погледнете повеќе фотографии како изгледа Петра денес:



Би можело да ве интересира:

Со мајката болна од Алцхајмер заминал на патување околу светот: „Не ми беше товар, сакав само да бид... „Луѓето сметаа дека ќе ми биде товар, но не беше така. Имавме тешки периоди кога...
Таа имала 14 години, а тој 18 кога станале родители за првпат - сега имаат 21 дете Откако открија дека на 13 години забременила за прв пат, најголемото семејство в...
„Син ми (5), игра видео игри по 6 часа на ден – но, барем е мирен и не морам да го набљудувам постој... Минатата година предизвика бурни реакции кога се дозна дека таа се вози во прва ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg