Несекојдневна глетка: Александрија во Египет под снежна покривка, по речиси една деценија (фото+видео)

Жителите на Александрија во Египет имаа можност да уживаат во можеби првиот снег во градот по цела деценија. Додека тие радосно споделуваат фотки и видеа на социјалните мрежи, експертите предупредуваат дека ова е најверојатно резултат на климатските промени и во Египет ги очекува многу студена зима.

nesekojdnevna-gletka-aleksandrija-vo-egipet-pod-snezhna-pokrivka-po-rechisi-edna-decenija-foto-video-01.jpg

Египетскиот град Александрија е покриен со снежна покривка – нешто за коешто жителите велат дека не се случило речиси една деценија. Последната снежна бура што го зафати Египет беше во 2013 година.

Уште за време на викендот, локалните власти ги предупредиле жителите за нестабилните временски услови, па дури и затвориле некои училишта поради бурата со врнежи од дожд и снег.

Наводно, бурата „пристигнала“ од Европа и додека во повеќето градови имало обилни врнежи од дожд, во Александрија и околните области паднал и снег. 

nesekojdnevna-gletka-aleksandrija-vo-egipet-pod-snezhna-pokrivka-po-rechisi-edna-decenija-foto-video-07.jpg

Социјалните мрежи речиси веднаш се преплавија со фотографии и видеа од несекојдневниот настан, а жителите истакнуваат дека речиси и да го немаат видено градот со снежна покривка.

Некои дури и се шегуваат дека не знаат дали на фотките е Египет или Европа.

Поради местоположбата, во Египет има пролет, лето, есен и зима, но зимските температури се повисоки и нема услови за снег.

Наводно во зимските месеци температурата може да се спушти до 10 степени, а пониска е само на повисоките места. На дестинациите како Шарм ел Шеик, температурата во зима може да се искачи и до 20-тиот степен.

nesekojdnevna-gletka-aleksandrija-vo-egipet-pod-snezhna-pokrivka-po-rechisi-edna-decenija-foto-video-04.jpg

nesekojdnevna-gletka-aleksandrija-vo-egipet-pod-snezhna-pokrivka-po-rechisi-edna-decenija-foto-video-03.jpg

Зимите обично се топли и со многу врнежи од дожд, но одвреме-навреме, како сега, може да заврне и снег.

Според некои експерти, овие врнежи се резултат на климатските промени и наводно Египќаните треба да се подготват за многу постудена зима од вообичаено.

nesekojdnevna-gletka-aleksandrija-vo-egipet-pod-snezhna-pokrivka-po-rechisi-edna-decenija-foto-video-02.jpg

Повеќе фотки и видеа од Александрија под снег на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Зимска бајка во Исланд среде октомври – падна 27cm снег, децата се лулаат, поларната светлина е маги... Куќите и дрвјата се затрупани во снежна покривка, децата се лулаат на игралишта ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Се лекувал од импотенција, заработил милијарди со перење пари: Кој е новиот мистериозен лидер на Ира... Иако не е официјално потврдено, според некои извори новиот врховен лидер е синот...
Принцот Ендру е уапсен на неговиот 66-ти роденден поради случајот со Џефри Епстин - наводно издавал ... Денес (19.02) братот на кралот Чарлс беше уапсен поради сомнеж за злоупотреба на...

Најчитани неделава