Меган и Хари ја споделија првата фотографија од ќерката Лилибет Дијана: „Таа нѐ направи семејство“

„Арчи нè направи „мама“ и „тато“, а Лилибет нѐ направи семејство“ – стои меѓу другото во божиќната честитка на Меган Маркл и принцот Хари, на која е објавена и првата официјална фотографија од нивната ќерка.

megan-i-hari-ja-spodelija-prvata-fotografija-od-kjerkata-lilbet-taa-n-napravi-semejstvo-01.jpg

Принцот Хари и Меган Маркл на божиќната честитка за 2022-ра година вклучија семејна фотографија на која за првпат може да се види и нивната ќерка Лилибет Дијана.

Принцот Хари и Меган Маркл станаа родители по вторпат годинава на 4-ти јуни кога ја добија ќерката Лилибет Дијана, која го носи името на нејзините баба и прабаба (Кралицата Елизабета и принцезата Дијана).

megan-i-hari-ja-spodelija-prvata-fotografija-od-kjerkata-lilbet-taa-n-napravi-semejstvo-02.jpeg

Честитката беше објавена денес (23.12), а на неа може да се видат и малиот Арчи кој е во рацете на татко му и малата Лилибет во рацете на Меган.

Фотографијата е направена ова лето во домот на Хари и Меган во Калифорнија.

„Годинава. 2021 ја пречекавме нашата ќерка Лилбет. Арчи нè направи „мама“ и „тато“, а Лилибет нѐ направи семејство. Во пресрет на 2022-ра година направивме донации до повеќе организации што се за заштита на семејствата“ – стои на честитката.

megan-i-hari-ja-spodelija-prvata-fotografija-od-kjerkata-lilbet-taa-n-napravi-semejstvo-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
„Мислев дека сум посвоена бидејќи мајка ми починала – дознав дека ме купиле на црно“ Канаѓанката Дијана знаела дека нејзината биолошка мајка починала кога била дете,...

Најчитани неделава