Идната кралица блеска – Кејт Мидлтон со 3 нови роденденски портрети на кои покажува безвременски гламур (фото)

Три нови фотографии од војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, беа објавени денес по повод нејзиниот 40-ти роденден, со кои им оддаде суптилна почит на принцезата Дијана и на кралицата Елизабета.

Kejt-Midlton-so-3-novi-rodendenski-portreti-01.jpg

На портретите направени од страна на италијанскиот моден фотограф, Паоло Роверси, војвотката носи различни фустани од дизајнерот Александар Меквин, пренесуваат британските медиуми.

Овие нови фотографии покажуваат како таа сака да се претстави на 40 години, односно да зрачи со безвременски гламур и естетика.

Освен тоа, таа на суптилен начин им оддаде почит на мајката и бабата на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам.

На црно-белата фотографија, таа позира во традиционална поза, а на неа блескаат дијамантските обетки со висечки бисер, кои припаѓале на покојната принцеза Дијана.

Kejt-Midlton-so-3-novi-rodendenski-portreti (1).jpg

На другата фотографија, војвотката зрачи во гламурозна, црвена тоалета, а стајлингот е надополнет со блескави дијамантски обетки кои ѝ припаѓаат на 95-годишната кралица Елизабета.

Kejt-Midlton-so-3-novi-rodendenski-portreti (2).jpg

Таа често покрај нејзиниот сафириен веренички прстен, изгледот го надополнува со накит наследен од принцезата Дијана и од кралицата, со што им оддава суптилна почит во јавност.

Портретите ќе бидат изложени на три локации кои Кејт самата ги одбрала и имаат посебно значење за неа. Беркшир, Сент Ендрјус и Енглси.

Беркшир е област од нејзиното детство каде што пораснала, додека Сент Ендрјус е местото каде што студирала и ја започнала врската со нејзиниот сопруг. Енглси е местото каде што парот живеел заедно непосредно пред и на самиот почеток на бракот.

Kejt-Midlton-so-3-novi-rodendenski-portreti (3).jpg

 

По изложувањето, портретите ќе бидат сместени во постојаната колекција на Националната галерија на портрети. Достојно за една идна кралица, нели?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Живееме на трoпски остров со 100 плажи и 30˚C, но постои мрачна страна - бездомните кучиња“ „На Маурициус практично живееме надвор. И храната е неверојатна. Има многу штанд...
Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...
На 19 години зборува над 5 јазици, ќе го изгуби престолот ако добие брат: Која е Леонор, идната крал... Постарата ќерка на кралот Фелипе и кралицата Летиција од Шпанија веќе активно се...
Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја спореду... На раскошната вечра во Белата куќа каде почесни гости беа кралот Чарлс и кралица...
Најстарата жена во светот има 116 години: Се родила кога владеел пра-прадедото на кралицата Елизабет... Со своите 116 години, Етел од Англија е најстарата жена во светот. Се родила пре...
Принцот Џорџ е пораснат дечко покрај мама Кејт Мидлтон на Вимблдон – во одело и кравата како вистинс... Кејт Мидлтон отмена и елегантна како секогаш, воодушеви заедно со пораснатиот си...

Најчитани неделава