Девојка си прави селфи качена на автомобилот, додека тој тоне во замрзната река (фото+видео)

„Таа си го овековечуваше моментот со селфи додека луѓето брзаа да ѝ помогнат и беа загрижени за неа“, е еден од осудувачките коментари на Твитер.

devojka-si-pravi-selfi-kachena-na-avtomobilot-dodeka-toj-tone-vo-zamrznata-reka-video-01.jpg

Жена од Канада доживеа незгода со автомобилот и заврши во замрзната река во главниот град Отава.

Таа стана вирален хит на Твитер поради фотографиите на кои си прави селфи качена на автомобилот што тоне додека луѓето од околината се трудат да ја спасат со помош на кајак.

Стои на покривот од автомобилот, додека поголемиот дел од него е потонат во смрзнатата река.

Уште не е утврдено дали таа намерно возела по замрзнатата река или излетала од патот. Полицијата од Отава вели дека реката некаде има цврст мраз, но дека на некои места е тенок и ситуацијата е многу непредвидлива и затоа жителите постојано добиваат предупредувања дека е опасно да се движат по мразот.

На крајот, локалците со помош на кајак ја извлекле жената од тенкиот мраз неповредена.

Но, нејзината постапка покрена лавина од реакции на Твитер.

„Таа си го овековекуваше моментот со селфи додека луѓето брзаа да ѝ помогнат и беа загрижени за неа“, е еден од осудувачките коментари на Твитер.

Сцената од Канада:

?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1482881116621127680%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.dailymail.co.uk%2Fnews%2Farticle-10411983%2FWoman-driving-frozen-river-Canada-crashes-ice-takes-selfie-standing-roof.html

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Девојка од Велика Британија за својот бизнис во Дубаи: „Изнајмувам луксузни јахти, 24/7 добивам пови... „Цените на изнајмување започнуваат од 100 евра до 6.000 евра на час, во зависнос...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Ќе се венчам сама со себе по развод и неколку неуспешни врски – си купив и свршенички прстен“ „Кога им кажав на блиските, мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, шт...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...

Најчитани неделава