Италија им плаќа по 2.000 евра на странските парови што ќе се венчаат во Рим – кои се условите?

За свадба во италијанскиот град на љубовта, Рим, паровите може да добијат по 2.000 евра. Не е важно дали станува збор за италијански или странски државјани, а единствен услов е само свадбата да се одржи во регионот Лацио, каде спаѓа и главниот град на Италија.

italija-im-plakja-po-2-000-evra-na-stranskite-dvojki-shto-kje-se-venchaat-vo-rim-koi-se-uslovite-01.jpg

Со цел да ја подобри економијата по светската пандемија Италија одлучи да понуди поволности за двојките што одлучиле да го кажат судбоносното „ДА“ таму.

Како што пренесуваат светските медиуми, иницијативата In Lazio with Love е посветена на сите Италијанци, но и странски државјани што сакаат да стапат во брак во 2022-ра година.

italija-im-plakja-po-2-000-evra-na-stranskite-dvojki-shto-kje-se-venchaat-vo-rim-koi-se-uslovite-02.jpg

Така сите двојки што ќе одлучат да ја направат својата свадба во регионот Лацио, каде влегува и главниот град Рим, ќе добијат 2.000 евра.

Исто така, не е важно каде ќе се оддржи свадбата, може да биде на плажа, во замок или во Рим, а властите даваат рефундирање на средствата.

„Целта е да се поддржи секторот што беше мошне погоден од пандемијата. Инвестиравме поголема сума со цел да го зајакнеме туристичкиот сектор“ – вели Никола Зингарети, претседателот на Лацио, а пренесуваат странските медиуми.

italija-im-plakja-po-2-000-evra-na-stranskite-dvojki-shto-kje-se-venchaat-vo-rim-koi-se-uslovite-03.jpg

Освен паровите што планираат да се венчаат, за субвенции може да се пријават и оние што веќе се венчале во 2022-ра година, а потребно е да поднесат документи со кои ќе приложат и сметки за трошоците.

Единствен услов за да се добијат парите е сите услуги (за просторија, фустан, кетеринг и сл.) да бидат обезбедени од фирми во Лацио.

Инаку, според податоците достапни на некои веб страни за тоа колку чини организација на свадба во Италија, за веселба со околу 100 гости, младенците треба да издвојат сума од 40.000 до 85.000 евра, врз основа на местото каде што сакаат да се одржи свадбата и кетеринг услугата.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Маж ми 18 години е заглавен во најстрашниот затвор во Дубаи – условите се ужасни, имаше и туберкуло... „Условите се ужасни. Исхраната е лоша и немаат никаква физичка активност. Рајан ...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
Трошел 10.000 евра дневно за храна, имал 120 автомобили: Како живееше Никола Саркози, пред да биде о... Откако беше избран за претседател на Франција, Никола Саркози стана познат по ра...
На 19 години зборува над 5 јазици, ќе го изгуби престолот ако добие брат: Која е Леонор, идната крал... Постарата ќерка на кралот Фелипе и кралицата Летиција од Шпанија веќе активно се...

Најчитани неделава