Земјотрес со јачина од 7,4 степени ја погоди областа Фукушима во Јапонија – твитерџиите споделуваат морничави видеа
- Детали
- четврток, 17 март 2022
Луѓето кои живеат во Јапонија споделуваат морничави видеа од земјотресот што ја погоди областа Фукушима - истото место каде што во 2011 година имаше нуклеарна катастрофа поради посилен земјотрес од 9,1 степени и цунами.
Ноќта помеѓу вторник и среда, односно околу еден час по полноќ на 16-ти март, Јапонија беше погодена од силен земјотрес кој остави 2 милиони домови без струја.
Земјотресот со јачина од 7,4 степени по Рихтерова скала ја погоди областа Фукушима – местото каде што во 2011 година настана нуклеарната катастрофа поради посилен земјотрес.
Според CNN, прво се верувало дека земјотресот има јачина од 7,3 степени, а подоцна се утрврдило дека е посилен.
Исто така, јапонските власти пуштиле и предупредување за можно цунами поради јачината на земјотресот, па почнале да се евакуираат луѓе кои живеат крај брегот.
Од земјотресот биле повредени стотина луѓе, а се претпоставува дека има најмалку четири смртни случаи.
За потсетување, во 2011 година истата област беше погодена од земјотрес со јачина од 9,1 степени, кој предизвика цунами со огромни бранови. Од цунамито беа оштетени неколку нуклеарни реактори во областа, по што настана една од најлошите нуклеарни катастрофи по инцидентот во Чернобил.
Иако овој земјотрес е значително послаб, не бил ништо помалку страшен, а видеата споделени на социјалните мрежи го покажуваат токму тоа.
Морничави видеа од земјотресот споделени на Твитер:
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





