Првпат во историјата, насловната страница на Sports Illustrated ќе ја краси модел со лузна од царски рез

Кели Хјуз е првата жена во историјата на Sports Illustrated која гордо позира со лузната од нејзиниот царски рез, и тоа на насловната страница на магазинот.

prvpat-vo-istorijata-naslovnata-stranica-na-sports-illustrated-kje-ja-krasi-model-so-luzna-od-carski-rez-01.jpg

Навикнати сме на насловните страници на популарните магазини да гледаме совршени женски тела. Целулитот, стомачето, па и лузните со царски рез и други зафати, како да не постојат кај нив.

Но, овие правила постепено се менуваат. По моделите со стомаче и некој килограм плус, сè почесто гледаме и други „несовршености“.

И познатиот магазин Sports Illustrated почна да го следи овој тренд, па насловната страница на нивното ново издание ќе ја краси Кели Хјуз која гордо позира со лузната од царскиот рез.

„Со гордост ги славиме сите мајки кои имаат лузни од царски рез со Кели Хјуз која е првата жена што ја покажува лузната од царски рез во историјата на магазинот!

Да им дадеме љубов на сите мајки и да ја спознаеме моќта на женското тело и убавината на мајчинството“, пишува во објавата на еден од официјалните Инстаграм профили на магазинот.

И Кели ја сподели фотографијата на Инстаграм, истакнувајќи дека е почестена.

„Јас сум без зборови и вистински сум почестена да бидам првата жена што си ја покажува лузната од царски рез во историјата на магазинот.

Имав проблеми со несигурност поради мојата лузна бидејќи сум модел и не закрепнав сè додека не ја прифатив мојата лузна и ја искусив моќта што ја крие“.

Да се надеваме дека сите ќе го следат овој пример и конечно ќе ги нормализираме неверојатните промени низ кои минува женското тело за време на и по бременоста.

Повеќе фотки од Кели во продолжение: 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Ја обвинуваа дека е жена со џуџест раст, која лаже дека е дете: Каде е денес Наталија Грејс? Случајот со Наталија Грејс до денес претставува енигма – таа тврди дека е родена...
На 2 години беше оставен да умре, денес го викаат „малиот Пикасо“ - Се сеќавате ли на момчето спасен... „Кога го видовме, мирисаше на смрт. Бев сигурна дека ќе ми почине во раце. Но, с...

Најчитани неделава