„Ослабев и потрошив илјадници евра на пластични операци, но повторно си го мразев телото“

„Голем дел од луѓето не се свесни колку многу работа на некои од нас (ментално) ни е потребна за да се прифатиме себеси и да бидеме задоволни со своето тело. Ако правите операција за да им бидете поатрактивни на мажите или за да се чувствувате посреќно, верувајте дека тоа нема да функционира. Знам од искуство.“

potroshiv-iljadnici-evra-na-plastichni-operacii-no-povtorno-mrazam-kako-izgledam-01.jpg

Ли Џејн (39) од Велика Британија била тинејџерка со прекумерна тежина и откако ослабела ѝ останало многу вишок кожа.

Таа не можела да дочека да се вљуби во своето „ново“ тело, па затоа одлучила да направи операција за отстранување на вишокот кожа.

Мислела дека ќе се чувствува како нов човек, но ефектот бил спротивен, таа не сакала да сопре и копнеела по нови процедури.

Направила уште 5 зафати, но сепак не била задоволна.

Таа вели: „Голем дел од луѓето не се свесни колку многу работа на некои од нас (ментално) ни е потребна за да се прифатиме себеси и да бидеме задоволни со своето тело. Постојано ми се обраќаат луѓе кои ми велат дека направиле пластична операција, но уште си го мразат сопственото тело“.

potroshiv-iljadnici-evra-na-plastichni-operacii-no-povtorno-mrazam-kako-izgledam-02.jpg

Дури и пластичниот хирург Омар Тило вели дека дека многу жени се зависнички од пластични операции и дека тие наместо да ги задоволат нивните барања, ги праќаат прво на психолошки третман.

Ли сака да им порача на сите девојки дека операцијата може да ви го поправи телото, но не и умот и животот.

„Ако правите операција за да им бидете поатрактивни на мажите или за да се чувствувате посреќно, верувајте дека тоа нема да функционира. Знам од искуство.“

potroshiv-iljadnici-evra-na-plastichni-operacii-no-povtorno-mrazam-kako-izgledam-03.jpg

Ли првата операција ја направила на 23 години и вели дека иако потрошила многу пари на процедури таа уште се криела од сите и го мразела своето тело и сака да им биде пример на другите да си поставуваат индивидуални и реални цели, а не да се трудат да изгледаат како Ким Кардашијан.

И пред сè да го прифатат своето тело, како што прави таа сега, иако повторно има качено килограми.

Вели дека сега го прифаќа својот изглед, стриите, целулитот и секој дел од своето тело.

Kaко изгледа Ли Џејн сега:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
„Потрошив многу пари за новогодишни подароци на син ми и сега не знам како ќе си ги платам сметките“ „Приходите навистина почнаа да ми се пресушуваат. Ова е застрашувачко време за м...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
„Потрошив 100.000 долари на пластични операции, но сега го враќам природниот изглед – мислеа дека су... Ријалити ѕвезда од Бразил станал зависна од пластични операции откако се пресели...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
„Ми изгоре целото лице откако другар истури бензин во логорски оган – ми паѓаа парчиња кожа додека м... Млада девојка од САД го споделува своето страшно искуство за да ја зголеми свесн...

Најчитани неделава