Мајка е мета на критики, откако објави видео во кое без лекари се породи во Тихиот Океан (видео)

Жена стана мета на критики на социјалните мрежи откако се породи во водите на Тихиот Океан, а нејзиниот партнер беше задолжен да ја фати постилката со цедалка. По 3 родени деца во болница, таа одлучила околу неа да нема медицински персонал.

majka-e-meta-na-kritiki-otkako-objavi-video-vo-koe-bez-lekari-se-porodi-vo-tihiot-okean-video-01.jpg

Џоси Перкет (37) која потекнува од Германија, а живее во Никарагва, стана вистински хит на социјалните мрежи, откако објави видео на кое се пораѓа сосема сама во водите на Тихиот Окен, односно на плажа во Никарагва.

Таа и нејзиниот партнер Бени Корнелиус (42) во февруари годинава, станаа горди родители на синот Боди, а задачата на нејзиниот партнер била во третата фаза од породувањето да ја фати постилката со цедалка.

Во видеото во кое се гледа како мајката само со правилно дишење се справува со болката при контракциите, таа ги цитираше зборовите на познатата американска пејачка Nightbirde, која за жал прерано почина од рак..

„Не можеш да чекаш животот да не биде тежок за да бидеш среќен“ – напиша таа.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by Raggapunzel Raggapunzel (@raggapunzel)

Џоди појасни дека откако Боди се родил, таа и нејзиниот сопруг го замотале бебето во ќебиња, а таа отишла во океанот за да се измие.

Откако се облекле, се спакувале и си заминале дома. Мајката на новороденчето открива дека бебето било тешко 3,5 килограми.

Одлуката на овој пар мајката да има вакво породување била донесена откако со претходните 3 деца се породила во болница и како што вели, имала трауматични искуства.

Дел од оние пак што го видоа видеото коментираа дека ваквото породување е опасно затоа што има голем број бактерии во океанот, а други велат дека таа му предизвикала вистински шок откако од топлата утроба на мајката го пуштила во студените океански води.

Погледнете повеќе нивни фотографии:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Родена во куќа од кал, уапсена е за наркотици, а сега е најмоќната жена на светот: Која е првата дам... Силија Флорес не е претседател на Венецуела, не седи на официјалната фотелја на ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Зошто бившиот сопруг сè уште ја посетува Андреа Јејтс, 25 години откако таа ги удави нивните 5 деца ... На 20 јуни 2001 година, домаќинката Андреа повикала полиција и признала пред пол...

Најчитани неделава