Со огромна свеќа ѝ го скрија лицето за време на преносот од погребот – Меган Маркл плачеше додека го спуштаа ковчегот (фото)

„Свеќата ја штити од завидливите погледи“ – велат твитерџиите кои се пошегуваа за преносот од погребот на кралицата Елизабета каде лицето на Меган Маркл не се гледа од големата свеќа до ковчегот на кралицата. Сепак, не можеше да ги скрие солзите. 

so-ogromna-svekja-i-go-skrija-liceto-za-vreme-na-prenosot-od-pogrebot-megan-markl-placheshe-dodeka-go-spushtaa-kovchegot-foto-01.jpg

Оние што го следат директно преносот од погребот на кралицата Елизабета Втора велат дека ликот на Меган Маркл бил намерно блокиран за време на телевизискиот пренос.

so-ogromna-svekja-i-go-skrija-liceto-za-vreme-na-prenosot-od-pogrebot-megan-markl-placheshe-dodeka-go-spushtaa-kovchegot-foto-02.jpg

Како што може да се види и од фотографиите и видеата, Меган и Хари седеа во вториот ред, веднаш зад кралот Чарлс и принцот Вилијам, а лицето на Меган целосно е блокирано од една голема свеќа.

Тоа што ликот на Меган беше скриен предизвика бурна реакција и кај твитерџиите, кои веднаш почнаа да коментираат дека свеќата била намерно наместена за никој да не може да ја види сопругата на принцот Хари.

„Оваа свеќа ја штити Меган од завидливите очи што сакаат да ја осудуваат за што и да направи“ – стои во еден твит.

„Браво за стратешки поставената свеќа“ – стои во друг.

„Не сакам да ширам теории на заговор, но ми се чини дека таа свеќа е стратешки поставена“ – пишува во трет.

Од друга страна, пак, се појавија фотографии на кои се гледа дека Меган Маркл плаче додека го спуштаат ковчегот на кралицата.

Меган беше до нејзиниот сопруг, принцот Хари, а камерите ја забележаа како ги брише солзите.

Погледнете ги фотографиите:

so-ogromna-svekja-i-go-skrija-liceto-za-vreme-na-prenosot-od-pogrebot-megan-markl-placheshe-dodeka-go-spushtaa-kovchegot-foto-03.jpg

so-ogromna-svekja-i-go-skrija-liceto-za-vreme-na-prenosot-od-pogrebot-megan-markl-placheshe-dodeka-go-spushtaa-kovchegot-foto-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
„Лицето ми се деформира од паразит – си ги потрошив сите пари за да најдам лек, ми се уништи животот... Американска ријалити ѕвезда вели дека „закачила“ паразит во Мароко што ѝ го дефо...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Членови на кралското семејство кои биле ужасни со вработените – Слугинките плачеле од Меган Маркл На принцезата Дијана воопшто не ѝ бил лесен животот со кралското семејство. Па, ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...

Најчитани неделава