Вознемирувачко видео од Индија го згрози светот: Силувано девојче (12) моли за помош додека сите ја снимаат наместо да ѝ помогнат

На социјалните мрежи масовно се шири видео од Al Jazeera на кое се гледа како 12-годишно девојче кое било жртва на силување лежи на земја и моли за помош, а околу неа се собрани мажи, кои наместо да ѝ помогнат, ја снимаат со мобилните телефони. До каде ќе оди ова општество и нечовечноста? 

voznemiruvachko-video-shto-go-zgrozi-svetot-siluvano-devojche-12-moli-za-pomosh-site-ja-snimaat-a-ne-i-pomagaat-01.jpg

Според индиските медиуми, сѐ уште не е јасно дали девојчето било силувано, властите информираат дека девојчето веднаш било пренесено во болница и дека случајот бил пријавен од нејзиното семејство.

Наводно, девојчето излегло од дома за да си купи касичка попладнето, а кога не се вратило по неколку часа родителите станале загрижени.

Се шпекулира дека најверојатно девојчето било силувано од повеќе мажи и фрлено на улица, каде додека молело за помош, било снимано од друга толпа мажи кои пак ја објавиле снимката на социјалните мрежи.

Индија има огромен проблем со случаите на силувања, така во 2020-та година биле пријавени вкупно 28.000 случаи на силување. Снимката која масовно се споделува на социјалните мрежи, предизвика гнев кај голем број корисници, кои се згрозени од нечовечноста на луѓето што само го снимаат девојчето и не му помагаат.

„Одлучив да не го споделам видеото од мажите што го снимаат 12-годишното девојче што беше сексуално нападнато во Индија. Мислам дека најголема грешка е што телефоните имаат камери. Повеќето луѓе не треба да ги имаат“ – се вели во еден твит.

„Ми се крши срцето. 12-годишно девојче е безмилосно силувано од некои ѓаволи. Нема безбеден живот за девојчињата во Индија“ – стои во друг твит.

„Во Индија, 12-годишно девојче е силувано и луѓето наместо да му помогнат, го снимаат додека тоа лежи крваво. Срамота. Вака ли треба да го користиме технолошкиот напредок?“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Ќе се венчам сама со себе по развод и неколку неуспешни врски – си купив и свршенички прстен“ „Кога им кажав на блиските, мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, шт...
Трогателна исповед на маж жртва на семејно насилство: „Не ми даваше да јадам, се закануваше дека ќе ... Маж од Англија го споделува своето потресно искуство со поранешната партнерка ко...
Се онесвестуваат, плачат: Тајландската лотарија за служење војска стана вирална (видео) Во Тајланд секоја година се одржува лотарија за служење војска. Мажите на возрас...
Се пресели во Мексико и заврши во затвор, има шизофренија - Пропаста на руската лизгачка Елена Гуљак... На врвот на кариерата со сопругот и тренер се пресели во Мексико, каде што отвор...

Најчитани неделава