Предвреме родено бебенце, со само 750 грама, било 102 дена во болница - сега е среќно 7-месечно бебе (фото)
- Детали
- среда, 30 ноември 2022
„Се породив во 25-тата недела. Беше премалечка. Не се ни осмелувавме да се надеваме. Не го ни пиеше моето млеко и воопшто не напредуваше, беше ужасно. Константно бевме со родители кои ги губеа своите бебиња...“, споделува мајката на малата Марли, која сега е 7-месечно насмеано бебенце.
Марли Хејс од Велика Британија е бебенце кое се родило со само 750 грама и било толку малечко, што дури не можело да го пие млекото од нејзината мајка Софи Луис Џејмс. Софи се породила во 25-тата недела од бременоста.
Докторите во болницата се обидувале што подолго да го задржат бебето во стомакот на мајката, но не успеале и Марли се родила на почетокот од месец април.
Новороденчето имало низа здравствени проблеми како крвавење во мозокот, бубрежна инсуфициенција (слабост) итн.
Но, по 102 дена поминати во болница, седуммесечната Марли ќе биде дома за празниците со нејзините родители.
Софи, која е учителка, вели: „Во еден миг мислевме дека Марли нема да успее да дојде дома за нејзиниот прв Божиќ (католички). Не се ни осмелувавме да се надеваме. Не го ни пиеше моето млеко и воопшто не напредуваше, беше ужасно.
Константно бевме со родители кои ги губеа своите бебиња и неверојатно сме среќни што Марли успеа.
Таа имаше навистина тешко медицинско патување, но сега е дома и е насмеано бебенце кое мирно ја преспива ноќта. Ѝ купив низа празнични комплетчиња за да ја дотерам, пресреќни сме искрено.“
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





