„Покажа дека е принц на народот“ - Хари со емотивна божиќна порака за децата што загубиле родители (видео)

„Тој е единствениот принц од народот. Принц на срцата“, „Мајка му го викаше ‘добриот принц Хари’ – гледаме зошто“, „Ти си најдобриот принц“ – Ова се само дел од коментарите што следуваа по емотивната видео порака на принцот Хари, упатена до дечињата што загубиле родители во армијата.

pokazha-zoshto-majka-mu-go-vikashe-dobriot-princ-hari-princot-hari-so-emotivna-bozhikjna-poraka-za-decata-shto-zagubile-roditeli-vo-britanskata-armija-01.jpg

Принцот Хари сними емотивна божиќна порака наменета за децата на војниците што го дале сопствениот живот додека служеле за Британската Армија.

Околу 100 дечиња присутни на настанот од добротворната организација Scotty’s Little Soldiers имаа можност да ја проследат специјалната порака што принцот Хари ја сними за нив и со која започна настанот.

„Божиќ е празникот кога најмногу ни недостасуваат саканите и тоа е во ред. Не треба да се чувствувате виновни затоа што се забавувате без вашите родители.

Сакам да ви кажам дека нашите родители секогаш сакаат да се забавуваме. Нема потреба да чувствувате вина, дозволено ви е да се забавувате.

Затоа излезете, поминете си најдобро што може и Среќен Божиќ“ – им порача Хари на дечињата и ја извади маската од Спајдермен.

Видеото беше споделено на поголем број социјални мрежи, а неговата емотивна и искрена порака им се допадна на многумина, кои се потсетија на тоа дека неговата мајка, принцезата Дијана го нарекуваше ‘добриот принц Хари’, а други пак велат дека тој е вистински ‘принц на срцата’ и ‘принц од народот’.

Оваа порака следеше само неколку дена по објавувањето на официјалниот трејлер за новиот документарен филм што ќе се емитува на Netflix, Harry and Meghan, а за кој се крена голема прашина во британските медиуми.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Принцот Џорџ е пораснат дечко покрај мама Кејт Мидлтон на Вимблдон – во одело и кравата како вистинс... Кејт Мидлтон отмена и елегантна како секогаш, воодушеви заедно со пораснатиот си...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Принцот Ендру е уапсен на неговиот 66-ти роденден поради случајот со Џефри Епстин - наводно издавал ... Денес (19.02) братот на кралот Чарлс беше уапсен поради сомнеж за злоупотреба на...
Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...
„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...

Најчитани неделава