Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ќе има обид за атентат врз Путин и уште 5 предвидувања на Нострадамус за 2023-та година

Обид за атентат врз Владимир Путин, кралот Чарлс ќе абдицира од тронот и нова нуклеарна катастрофа – што предвидел за 2023-та година Нострадамус?

princot-hari-kje-go-nasledi-charls-i-ushte-5-predviduvanja-na-nostardamus-za-2023-ta-godina-01.jpg

Во 16-тиот век бил познат како француски астролог, а денес речиси нема човек што нема слушнато за Нострадамус и за неговите фамозни предвидувања.

Во 1555-та година Нострадамус на светот му ја подари својата книга „Пророштва“ која е составена од 942 поетски катрени, каде има голем број предвидувања за иднината.

Неговите стихови и до ден денес се интересни за широката јавност, а толкувачите се обидуваат да одгатнат какви предупредувања оставил најголемиот пророк на сите времиња и што е она што можеме да го очекуваме.

princot-hari-kje-go-nasledi-charls-i-ushte-5-predviduvanja-na-nostardamus-za-2023-ta-godina-02.jpg

Се верува дека тој го предвидел доаѓањето нa власт на Адолф Хитлер, слетувањето на Месечината, но и ковид пандемијата.

Секако, не сите предвидувања се оствариле, па така и овие ги земаме со резерва. 

Што предвидел Нострадамус за 2023-та година?

Хари ќе стане крал

Марио Рединг е еден од најпознатите толкувачи на Нострадамус, а во неговата книга насловена Nostradamus: The Complete Prophecies for the Future тврдеше дека во оригиналните пророштва на францускиот астролог имало предвидување што другите го пропуштиле.

Рединг тврди дека катренот 10/22 се однесува на 10-иот месец од 2022-ра година и дека ја предвидува смртта на кралицата.

„Затоа што тие се противеа на неговиот развод/ Човекот што го сметаа за безвреден/ Народот ќе го протера кралот од островот/ Ќе го замени човекот што никој не очекувал дека ќе биде крал“.

Според Рединг, Нострадамус ја предвидел смртта на кралицата Елизабета во 2022-ра година, но таа почина на 8-ми септември.

Според него, кралот Чарлс би можел брзо да абдицира од тронот, а него најверојатно ќе го наследи некој што во моментов е подалеку од кралството, односно принцот Хари.

princot-hari-kje-go-nasledi-charls-i-ushte-5-predviduvanja-na-nostardamus-za-2023-ta-godina-01.jpg

Мисија на Марс

„Ќе има небесен оган кога ќе згаснат светлата на Марс“ е стихот што според некои толкувачи укажува на тоа дека годинава би можела да се реализира првата мисија на Марс.

Илон Маск најави дека очекува неговата компанија Space X да упати летало со човечки екипаж на Марс до 2029-тата година, а Нострадамус предвидел дека ова ќе се случи во 2023-та.

princot-hari-kje-go-nasledi-charls-i-ushte-5-predviduvanja-na-nostardamus-za-2023-ta-godina-04.jpg

Нов папа

Нострадамус предвидел дека Папата Франциск во 2023-та година ќе ја напушти функцијата поради старост, а на негово место ќе дојде нов млад лидер на Католичката црква кој ќе предизвика огромен скандал, за кој ќе се зборува сè до 2029-та година.

Според Нострадамус, папата Франциск ќе биде последниот вистински папа, а неговиот наследник ќе предизвика пад на Рим.

princot-hari-kje-go-nasledi-charls-i-ushte-5-predviduvanja-na-nostardamus-za-2023-ta-godina-05.jpg

Нуклеарна катастрофа

Францускиот пророк предвидел и дека во 2023-та година ќе има експлозија на нуклеарна катастрофа, а дека последиците од радијацијата ќе ги чувствуваат повеќе европски земји.

Ова ќе ги забрза уште повеќе климатските промени, што сериозно ќе влијае врз Земјата.

princot-hari-kje-go-nasledi-charls-i-ushte-5-predviduvanja-na-nostardamus-za-2023-ta-godina-07.jpg

Русија и Украина ќе постигнат примирје

Францускиот пророк наведува дека Русија и Украина ќе постигнат договор, но дека истиот нема да биде поддржан од САД.

Во катренот 2/89 според толкувачите стои дека Русија и САД повторно ќе станат пријатели и ниту еден нема да може да се спротивстави на нивната заедничка сила. Но, ова пријателство нема да трае долго.

princot-hari-kje-go-nasledi-charls-i-ushte-5-predviduvanja-na-nostardamus-za-2023-ta-godina-08.jpg

Атентат врз Владимир Путин

Ако може да се верува на толкувањата на предвидувањата, тогаш 2023-та ќе биде мошне тешка година за Владимир Путин.

Нострадамус предвидел дека во периодот помеѓу 2022 и 2023-та година ќе има обид за атентат врз Путин, кој ќе биде организиран од страна на неговиот безбедносен тим, затоа што рускиот претседател најверојатно ќе биде предаден од страна на некој што му е близок.

princot-hari-kje-go-nasledi-charls-i-ushte-5-predviduvanja-na-nostardamus-za-2023-ta-godina-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Била невина до 33 години, ја поврзуваа со Бредли Купер – Која е новата снаа на Џорџ Сорос? Нејзиниот прв сопруг беше конгресмен на САД, кој ја посрамоти откако објави фото...
Сведоштва и видеа од падот на товарниот авион во Вилнус врз станбена зграда: „Како небото да го осве... „Во 5 часот утрово слушнав тресок. Истрчав надвор, и, кога погледнав кај гаражат...
Жена од Малезија 6 години се грижела за сопругот врзан за кревет - закрепнал и ја оставил за друга Кога на добра жена ќе ѝ се погоди лош и неблагодарен маж... Приказна од Малезија...
На 4 години го избркале од дома, 2 години живеел со улични кучиња – Неверојатна приказна на момче од... Момчето на 4 години било избркано од дома, а било спасено од улични кучиња кои м...
Девојка, што глуми сирена, беше нападната од џиновска риба во аквариум во Кина (видео) Маша од Русија за време на својата изведба во аквариумот станува мета на џиновск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg