Волшебни фотки и видеа од шпанскиот остров Мајорка по неочекуваните врнежи од снег

Шпанскиот остров Мајорка се соочи со неочекувани врнежи од снег, а на повисоките места, снежната покривка достигнала и до 50 сантиметри.

volshebni-fotki-i-videa-od-shpanskiot-ostrov-majorka-po-neochekuvanite-vrnezhi-od-sneg-01.jpg

Мајорка нè асоцира на топло време, дури и во зима, но сега шпанскиот остров се соочи со врнежи од снег – нешто што е вистинска реткост.

На повисоките места на островот наврнале и до 50 сантиметри снег, а неколку патишта беа и затворени поради снежната покривка.

Температурите се спуштиле и до -2 степени Целзиусови. За споредба, во зима, дневната температура на островот се движи помеѓу 15 и 16 степени Целзиусови.

Врнежи од снег, пак, има само на највисоките места на островот, и тоа релативно ретко. Според објавите на некои локалци, ова е првпат по 11 години да се појават обилни врнежи од снег и на пониските делови.

На Твитер масовно се споделуваат фотки и видеа од побелениот остров од кои повеќето изгледаат надреално.

Дел од објавите во продолжение:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зимска бајка во Исланд среде октомври – падна 27cm снег, децата се лулаат, поларната светлина е маги... Куќите и дрвјата се затрупани во снежна покривка, децата се лулаат на игралишта ...
„Живееме на трoпски остров со 100 плажи и 30˚C, но постои мрачна страна - бездомните кучиња“ „На Маурициус практично живееме надвор. И храната е неверојатна. Има многу штанд...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Шатори, конзерви, па и човечки измет од несовесни планинари: Највисокиот камп на Монт Еверест претво... „Она што треба да биде едно од најубавите места на планетата стана едно од најгр...

Најчитани неделава