Ги измисли мобилните телефони, предлага да ни бидат вградени под кожата - Што знаеме за Мартин Купер?

Мартин Купер (94) во 1973-та година го измисли мобилниот телефон. Потоа уште десет години со тим од „Motorola“ работеше на негово усовршување. Денес, половина век откако го направи првиот повик од мобилен, Купер тврди дека наскоро мобилните телефони ќе ни бидат вградени под кожата, а нашето тело ќе биде полнач.

morbidno-tvrdenje-na-martin-kuper-chovekot-koj-go-izmisli-mobilniot-telefon-eden-den-telefonite-kje-ni-se-vgradeni-pod-kozhata-a-teloto-01.jpg

Таткото на мобилните телефони, Мартин Купер, излезе со морбидно тврдење на Светскиот конгрес за мобилни телефони во Барселона.

Човекот кој го измисли првиот мобилен телефон во 1973-та година, Motorola DynaTac 8000X, верува дека мобилните на следната генерација ќе бидат вградени под кожата, во областа на ушите.

Тој смета и дека нема да треба да ги полниме мобилните, бидејќи нашето тело создава енергија преку консумирањето храна.

„Човечкото тело е полнач, нели? Јадете храна, произведувате енергија. Што ако го немате овој апарат што си го ставате на увото, туку тој да ви биде вметнат под кожата и да се напојува со вашата енергија?“, праша Купер на конференцијата.

morbidno-tvrdenje-na-martin-kuper-chovekot-koj-go-izmisli-mobilniot-telefon-eden-den-telefonite-kje-ni-se-vgradeni-pod-kozhata-a-teloto-kje-bide-polnach-04.jpg

Со неговиот коментар тој навести нова фаза во човештвото, во која нашите тела ќе бидат надградени со микрочипови и сензори.

И покрај тоа што ги измисли мобилните и со тоа го смени ликот на светот, Купер не е воодушевен од тоа каде води иднината.

Ова се некои од неговите размислувања:

„Најдобрите денови на технологијата допрва доаѓаат, особено во контекст на образованието и здравството. Но, моето најнегативно размислување е дека веќе немаме приватност, бидејќи сè за нас сега е снимено и складирано некаде и е достапно за оние кои имаат желба да дојдат до тоа“.

„Навистина има луѓе што се повеќе од пет часа на мобилен? О Боже, па тие немаат живот!“

morbidno-tvrdenje-na-martin-kuper-chovekot-koj-go-izmisli-mobilniot-telefon-eden-den-telefonite-kje-ni-se-vgradeni-pod-kozhata-a-teloto-kje-bide-polnach-02.jpg

„Зависноста од социјалните мрежи, ТикТок, Инстаграм, Снепчет, игричките на мобилните е сè поголема кај најмладите. Па, тие како да немаат детство. Но, затоа имаат лесен пристап до штетни содржини“.

„Кога го измислив мобилниот, очекував дека еден ден сите ќе имаат ваков телефон, но никој од нас не ни помисли дека овие уреди еден ден ќе станат мали лаптопи кои никој нема да ги испушта од рака“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Лицето ми се деформира од паразит – си ги потрошив сите пари за да најдам лек, ми се уништи животот... Американска ријалити ѕвезда вели дека „закачила“ паразит во Мароко што ѝ го дефо...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
„Потрошив многу пари за новогодишни подароци на син ми и сега не знам како ќе си ги платам сметките“ „Приходите навистина почнаа да ми се пресушуваат. Ова е застрашувачко време за м...
Има своја продавница за овошје и е татко на две деца – Херојот кој го ризикуваше својот живот за да ... Човекот кој го ризикуваше својот живот и директно го собори напаѓачот, е 43-годи...
Мислењата поделени: Забрана за деца во некои вагони во возови во Франција - за да не го рушат мирот „Откако стана прифатливо родителите да не ги контролираат своите деца, тогаш да,...

Најчитани неделава