Принцезата Шарлот се расплака на последното збогување со прабаба ѝ, но и го потсети братчето кога треба да се поклонат. Двете кучиња и омилениот коњ на кралицата беа присутни на нејзиното последно минување низ Виндзор, а нејзините деца и внуците Хари и Вилијам со семејствата, достојно ја испратија - емотивни моменти од историското погребување на кралицата Елизабета Втора.