Чкртаниците на клупите се неми сведоци за образовниот хаос што ни се случува

Исто така сведоци сме на целата таа фама и прашина која се крева кога ќе се спомне прашањето: „Дали од школските клупи излегуваат образовани ученици?”.

Сведоци сме на голем број критики кои на дневна база се упатуваат кон образованието. Но колку од тие критики се со вистинска основа?

Дали проблемот кој бараме да го решиме е во неучењето или пак во лошите професори?

Се разбира мора да погледнеме и кон светлата страна, постојат вистински образовни институции кои се трудат и успеваат да изградат вистински човек и граѓанин на светот.

Постојат професори кои навистина ги воспитуваат децата и ја градат нивната индивидуа од најмали нозе. Постојат и ученици кои не одат на училиште бидејќи од дома така им наредиле.

ckrtanicite-na-skolskite-klupi-edinstveniot-svedok-na-obrazovniot-haos-sto-ni-se-slucuva-04.jpg

Образованието како тема е навистина обемна, и за неа може многу да се пишува. На некој начин со моето пишување се обидов да ги доловам сите оние особености кои се сместени длабоко во внатрешноста на образованието и скриени зад параванот на училиштето.

Живееме во свет каде што на младите од особено значење им е добро да бидат образовани и воспитани, да израснат како морални и совесни граѓани кои ќе бидат пример за оние различните.

И на крајот од денот кога не знаеме каде е проблемот, јас, како млад човек што на себе ги носи лузните од деновите поминати во нашиот систем, сметам дека мора нешто да се направи.

Кога некој би ме прашал мене, би предложил да се направи уште поголемо зајакнување на образованието, и затворање на сите дупки кои поради некои причини настанале.

Би предложил отворање на уште поголеми воспитно-образовни центри со примамливи програми, коишто им нудат поголем просперитет на младите и во иднина ќе направат тие да не заминуваат во странство за таму да го завршат своето образование.

Кога некој би ме прашал, би рекол дека треба да се обрне внимание на наставниот кадар, но и на родителите - затоа што сите знаеме дека во училиштето се стекнува образование, но воспитанието почнува од дома!

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобело / фото: pexels.com



Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Не ја води секоја битка - замини за да се поштедиш себеси“ Зрелоста не значи дека секогаш треба да го имате последниот збор. Зрелост е кога...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Ако си мангуп и порачуваш скапи вина на групна кафеанска седенка, тогаш остави си плус пари како гос... Имате ли и вие некој Mистер Џек во друштвото што нарачува 5 вина од по 100 евра ...
И во Македонија има шефови кои се пример за вработените и среќни сме поради тоа Тие не сметаат дека тоа што се избориле да стигнат до оваа позиција им дозволува...
„Мојата жена нема да оди на работа - твоето место е дома!“ Ви се случило ли да влезете во врска каде што тој заработува помалку од вас? Или...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg