Чкртаниците на клупите се неми сведоци за образовниот хаос што ни се случува

Дали некогаш сте се запрашале што се крие зад насмевката на учителката којашто ги пречекува своите ученици? Дали сте помислиле на осаменото дете со кое никој не сака да се дружи и седи само на крајот на ходникот? Што се случува со децата кои не сакаат да учат и не постигнуваат никаков успех? Кој е крив за тоа, родителите или пак наставникот ги мрази тие деца?

ckrtanicite-na-skolskite-klupi-edinstveniot-svedok-na-obrazovniot-haos-sto-ni-se-slucuva-01.jpg

Денес го зедов шестарот и нацртав еден круг. Иако силно ја забодев иглата на белиот лист хартија сепак црнката малку ми избега. Се направи една грда чкртаница и повеќе тоа не личеше на круг. Всушност личеше на некоја чудна неправилна форма со многу дупки.

Слепо зјапам во цртежот и се прашувам нели ова наликува на чкртаниците од школските клупи.

Но, не оние направените од пенкалата и моливите, туку оние чкртаници кои ги носиме ние како млади поради образовниот хаос кој ни се случува.

Знам, сум се трудел многупати да ги избришам истите кога другарчето до мене ќе ги направеше на клупата, но мора да признаете дека тешко се бришат исто како и лузните оставени на нас поради хаосот во образованието кој ни се случува со години наназад.

Бев во моето училиште. Влегов во една училница и неколку креди беа паднати на земјата. Белиот прав од кредите како да се засушил на таблата, а добриот служител го вареше и првото утринско кафе за професорите. Навистина убава глетка која за жал одамна почна да избледува.

Го отворив и железното шкафче каде стоеја книгите, силно зачкрипе поради ’рѓосаните шрафчиња, па ме потсети на големиот број ученици кои со ист звук ја изразуваат својата тага поради тоа што мора да ја напуштат својата земја за да студираат во странство, бидејќи, како што велат, сакаат подобро образование.

ckrtanicite-na-skolskite-klupi-edinstveniot-svedok-na-obrazovniot-haos-sto-ni-se-slucuva-02_copy_copy.jpg

Би ја споменал и мојата сосетка која е учителка, често пати знам да седнам до прозорецот и да го гледам нејзиното доаѓање од работа. Некогаш изгледа среќно, а другпат преморена и натажена.

Дали некогаш сте се запрашале што се крие зад насмевката на учителката којашто ги пречекува своите ученици?

Дали навистина е среќна или пак зад сето тоа се крие заканата на налутениот родител кој бара по секоја цена неговото дете да го заврши полугодието со највисок успех?

Дали сте помислиле на осаменото дете со кое никој не сака да се дружи и седи само на крајот на ходникот?

Дали во овој случај образовниот систем помогнал?

Што се случува со децата кои не сакаат да учат и не постигнуваат никаков успех? Кој е крив за тоа - родителите или пак наставникот ги мрази тие деца?

ckrtanicite-na-skolskite-klupi-edinstveniot-svedok-na-obrazovniot-haos-sto-ni-se-slucuva-03_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Не ја води секоја битка - замини за да се поштедиш себеси“ Зрелоста не значи дека секогаш треба да го имате последниот збор. Зрелост е кога...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Ако си мангуп и порачуваш скапи вина на групна кафеанска седенка, тогаш остави си плус пари како гос... Имате ли и вие некој Mистер Џек во друштвото што нарачува 5 вина од по 100 евра ...
И во Македонија има шефови кои се пример за вработените и среќни сме поради тоа Тие не сметаат дека тоа што се избориле да стигнат до оваа позиција им дозволува...
„Мојата жена нема да оди на работа - твоето место е дома!“ Ви се случило ли да влезете во врска каде што тој заработува помалку од вас? Или...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg