Каде се денес ѕвездите на М2 продукција: Што прават сега Сакине, Џеват, Александра Пилева, Игор и Сања Лефкова?

Џеват, Александра Пилева, Сакине, Игор Узунов и Сања Лефкова се само дел од пејачите кои кариерата ја започнаа со М2 продукција. Во продолжение прочитајте каде се денес и што работат...

kade-se-denes-dzvezdite-na-m2-produkcija-shto-rabotat-sega-sakine-djevat-aleksandra-pileva-igor-i-sanja-lefkova-01.jpg

Во 2002 година се емитуваше едно од најгледаните македонски музички шоуа „Плеј потрага по ѕвезди“ организирано од музичката продукција М2 во соработка со тогашен Мобимак.

Ова шоу беше отскочна штица за многу популарни музички имиња кај нас.

Елена Ристека, Ламбе Алабаковски, Магдалена Цветковска, Бојана Скендеровски, Туна се пејачите чии почетоци беа токму во ова шоу.

Во првата сезона во 2002 година победи Елена, во втората сезона првото место го овои Ламбе, а во третата сезона се избираше бенд и шоуто беше насловено како „Плеј потрага по созвездие“.

Овој проект беше идеална можност за сите млади лица кои сакаа да го покажат својот талент за музика и да започнат да пловат во музичките води.

Некои од нив денес имаат извонредна кариера, а некои по извесно време се повлекоа и од музиката и од шоу бизнисот.

Каде се и што прават денес?

Џеват Ракип

Џеват беше вистинско освежување на нашата сцена, а многумина го нарекуваа македонскиот Џастин Тимберлејк.

Тој беше дел од првата сезона на шоуто.

Џеват освен што одлично пееше, тој и фантастично танцуваше и за секој свој настап и песна имаше кореографија.

kade-se-denes-dzvezdite-na-m2-produkcija-shto-rabotat-sega-sakine-djevat-aleksandra-pileva-igor-i-sanja-lefkova-02.jpg

Неговите песни „После една ноќ со тебе“, „Крив ум знам“ и „Несудена“ беа огромни хитови тогаш.

И покрај тоа што му претстоеше голема музичка кариера, Џеват се повлече од естрадата.

Според она што може да се види од фотографиите на неговиот Фејбук профил денес е среќно оженет со својата избраничка Мадона со која имаат три ќерки, а работи во Генералниот секретаријат на Владата.

kade-se-denes-dzvezdite-na-m2-produkcija-shto-rabotat-sega-sakine-djevat-aleksandra-pileva-igor-i-sanja-lefkova-03.jpg

Сања Лефкова

Сања беше најмладиот учесник во финалната вечер во првата сезона, која тогаш настапи со нејзината прва песна „Лијат години“.

kade-se-denes-dzvezdite-na-m2-produkcija-shto-rabotat-sega-sakine-djevat-aleksandra-pileva-igor-i-sanja-lefkova-04.jpg

И по завршувањето на шоуто Сања продолжи да работи и да настапува, а песната „Пауза, па плеј“ ја обележа нејзината кариера.

Денес таа има 36 години и заедно со сопругот Мики и нивните два сина живеат во Германија, каде Сања и понатаму настапува заедно со својот бенд.

kade-se-denes-dzvezdite-na-m2-produkcija-shto-rabotat-sega-sakine-djevat-aleksandra-pileva-igor-i-sanja-lefkova-05.jpg

Игор Узунов

„Ми требаш како молитва“ беше песната која ова момче од Гевгелија ја изведе на финалната вечер на првата сезона, а која беше избрана и за радиски хит.

Неколку години после тоа, Игор кој се лекуваше на клиника во Германија, успеа да се избори со тешката болест - леукемија.

По извојуваната победа со оваа битка тој изјави дека сега има уште поголем мотив да напредува во својата кариера.

kade-se-denes-dzvezdite-na-m2-produkcija-shto-rabotat-sega-sakine-djevat-aleksandra-pileva-igor-i-sanja-lefkova-06.jpg

Сепак, веќе долго време публиката нема видено нешто ново од него на музички план.

Годинава тој доби покана од државната болница Трухиљо во град на северот од Перу, да биде дел од видеото снимено со цел да се подигне свеста за здравјето и хигиената на граѓаните по Ковид 19.

Во ова видео Игор има улога на доктор-кардиолог, кој се грижи за здравјето на луѓето по пандемијата.

Физички се има многу променето и погледнете како изгледа денес:

kade-se-denes-dzvezdite-na-m2-produkcija-shto-rabotat-sega-sakine-djevat-aleksandra-pileva-igor-i-sanja-lefkova-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
2-ри мај и денес ме потсетува на излет, скара и денот кога го запознав Ричард Гир на Водно Се сеќавате дека до пред 15-тина години Денот на трудот се празнуваше на 1-ви и ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
„Го пронајдов стариот дневник за готвење на мојата баба – пиварки, орасници, торта со ореви“  Порано вкусот на тестото кое било испечено во старата печка на дрва, ореви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg