Секое враќање во Македонија ми отвора стари спомени кои со годините полека се оддалечуваат

Најмногу ми паѓа тешко тоа што гледам видливи промени во духот на мојот роден град, скоро и да не го препознавам. Оние места во кои ги поминував средношколските денови скоро и да не постојат, а она што уште е останато е толку различно што никако не можам да ги спојам сликите од минатото и сегашноста...

so shto se se sretnuvam i kakvi emocii mi budi sekoe novo doagjanje vo makedonija 9

Штом ќе слетам на скопскиот аеродром и сонцето ќе ми ја огрее кожата, чувствувам како низ целото тело се разбранува носталгијата која веќе добро ми е позната. Секое враќање во Македонија, посебно оние доаѓања по подолго време, рака под рака одат со огромен број емоции кои пробуваат да испловат на површина. Најчесто им успева!

Да, радоста е неизбежна што повторно ќе се видам со моите родители, браќа, сестри, роднини и оние пријатели кои сè уште не се отселени, а од година во година ги има во сè помал број. Но, освен таа миговна среќа, тивко се прикрадува и меланхолијата зашто знам дека за неколку дена повторно се враќам во земјата каде што одлучив да живеам и ќе бидам во исчекување на моментот на повторно враќање во татковината.

so shto se se sretnuvam i kakvi emocii mi budi sekoe novo doagjanje vo makedonija 7

Тие неколку дена (или недели) повторно го освежувам контактот со пријателите со кои слабо се слушам додека сум во странство. Таа ретка комуникација за среќа не придонесува до наше оддалечување, туку на еден начин со секое мое враќање продолжуваме од онаму каде што сме застанале последен пат.

За време на тие дружби заедно нурнуваме во спомените и решително ги изнесуваме на површина. Тогаш минатото ни дозволува да фрлиме поглед-два и од нигде никаде да се појават подзаборавени случки кои ни нудат насмевка на лицето и нè исполнуваат однатре.  

so shto se se sretnuvam i kakvi emocii mi budi sekoe novo doagjanje vo makedonija 5

Интересно е тоа што најблиските очекуваат дека со секое твое враќање ќе бидат во друштво на онаа личност што веќе им е позната.

Ми изгледа како да не се свесни дека сета таа промена го пресоздаде и мојот идентитет, некои сегменти од темел се променија.

Па, затоа нема никаква логика да очекуваат дека моите постапки треба да бидат како поранешните. Секако дека се различни, и тоа е видливо уште на прв поглед.

so shto se se sretnuvam i kakvi emocii mi budi sekoe novo doagjanje vo makedonija 6

Најмногу ми паѓа тешко тоа што гледам видливи промени во духот на мојот роден град, скоро и да не го препознавам. Оние места во кои ги поминував средношколските денови скоро и да не постојат, а она што уште е останато е толку различно што никако не можам да ги спојам сликите од минатото и сегашноста.

Ми паѓа тешко што културата и уметноста е толку запоставена, што буквално треба да се бориш со крвави раце за да бидеш забележан.

so shto se se sretnuvam i kakvi emocii mi budi sekoe novo doagjanje vo makedonija 4

Од друга страна, кога ќе се навикнеш на една нова и забрзана динамика на постоење, тогаш уште повеќе ти боде во очи фактот дека она што ме очекува во мојата татковина, како на некој начин да е замрзнато во време и простор.

Ништо не се менува, само времето и годините ги нагризуваат работите. Објектите се распаѓаат, блиските созреваат и стареат, а некои од нив засекогаш и исчезнуваат.

so shto se se sretnuvam i kakvi emocii mi budi sekoe novo doagjanje vo makedonija 1

Кога набојот на емоциите ќе нагрне во мене, тогаш одам во природа, на оние места што беа од круцијално значење за моето детство.

Иако визуелно не ги препознавам, сепак таму спомените го добиваат својата најкристализирана форма. 

so shto se se sretnuvam i kakvi emocii mi budi sekoe novo doagjanje vo makedonija 2

Познато е дека секој почеток е тежок, па така и моите првите месеци во странство беа пропратени со предизвици, каде се судираа минатото и сегашноста, старото и новото, познатото и непознатото...

Иако имав потреба од лицата на најблиските, топлината што беше присутна во семејните собири, излегувањето со пријателите, вкусните јадења на мајка ми и месениот леб на баба ми, сето тоа ми помогна да ја одредам својата нова местоположба и да продолжам понатаму.

Затоа секое ново враќање во Македонија ги отвора овие спомени, кои од година во година пополека се оддалечуваат.

Да, ние си го креираме животот, но никако да не дозволиме да си ги заборавиме своите корени!

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Е. Х. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

И во Македонија има шефови кои се пример за вработените и среќни сме поради тоа Тие не сметаат дека тоа што се избориле да стигнат до оваа позиција им дозволува...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg