„Научив дека разликата помеѓу бајка и кошмар лежи во 5 години брак“

„Со него неделните ручеци станаа бојно поле, па колку и да зготвев вкусно, залаците ми застануваа во грлото....“

nauchiv-deka-razlikata-pomegju-bajka-i-koshmar-lezhi-vo-5-godini-brak-01.jpg

Даниела Нела Боровњак oд Хрватска е писателка и на својот Инстаграм профил постојано споделува редови откинати од срце.

Една од нејзините моќни објави гласи:

„Со него научив многу... Научив на пример дека разликата помеѓу бајка и кошмар лежи во 5 години брак.

Бракот ми ја расипа фантазијата. Прво не можев да го замислам остатокот од животот без него.

Потоа, не можев да го замислам остатокот од животот со него.

Почнав постојано да менувам нешто. Фризура, мебел, хоби... Тоа беше губење на време.

Затоа што тоа што јас всушност сакав да го променам спиеше покрај мене, во длабок и мирен сон.

Неделните ручеци станаа бојно поле, па колку и да зготвев вкусно, залаците ми застануваа во грлото.

Престанав да правам десерт, се плашев да не се задавиме.

Мислев дека животот е поедноставен кога со некој го делиш.

Но, тој мене ме научи дека сè можам сама.

Не ја запаметив љубовта, но ја запаметив лекцијата“.

Прочитајте и „Ја сретнав првата љубов, пред некој ден, бремена“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg