Ниту две раскинати веридби нема да ме спречат да ја најдам вистинската љубов

Срцата на повеќето од нас многупати ни биле кршени и одново прилепувани и спојувани, но тие искуства не се секогаш така страшни и неподносливи. Не учат на правата љубов.

nitu-dve-raskinati-veridbi-nema-da-me-sprecat-da-ja-najdam-vistinskata-ljubov-01.jpg

Не учат како да ја избереме вистинската личност од купчето.

Еве една поучна приказна за девојката која два пати паднала, но се уште верува во љубовта.

„Сум била верена и претходно... двапати.

Првиот беше прилично тежок. Тоа беше првпат кога на моите сакани им влеав двоумење во срцата дека ја имам способноста да ја најдам вистинската личност, сомнеж дека сум сигурна дека ќе трае и како јас си ја замислував среќата.

Како да не беа доволни објаснувањата за тоа дека нашата врска ќе трае и покрај тоа што бевме пар штотуку дипломирани студенти и преминувавме од врска во раскинување и обратно.

Кога се случи раскинот на веридбата не ми беа потребни нивните зборови: „Што ти кажав јас?“, таа улога ја имаа нивните погледи.

Втората веридба беше премногу. Јаготка на шлагот.

Знаев дека овојпат треба да сум целосно сигурен дека ќе трае, но се одлучив на врска веднаш по раскинувањето на правата со магловита идеја за тоа што значи да се сака некого... повторно.

Мојот претходен идеализам беше разрушен целосно и влегов во врска која како лонче и капаче се согласуваше со мојата состојба.

Луѓето гледаа конечно на нас како на функционална двојка, но никој не го забележуваше недостатокот на сјај во очите и пеперуртки во стомакот.

Вториот пат отидов малку подалеку.

Веќе не беше само прстен. Беше прстен, свадбени забави, веренички фотографии и се друго до пред главниот чин.

Фрлавме пари за ситуацијата, градевме сон за идеална свадба, сонувајќи ги куклите од нас, а не реалните нас. Не бевме вљубени еден во друг, бевме вљубени во идејата дека нема потреба повеќе да ја бараме вистинската личност бидејќи и двајцата бевме уништени од претходните врски.

Овојпат се препуштив на бавно прифаќање на ситуацијата, но некои работи мораа да бидат веднаш разрешени.

Во offline мод ги бришев сликите од веридбата што е можно побрзо и се надевав дека никој нема да ги забележи, но тоа не беше така. Добивав многу прашања кои не сакав и не ги одговарав.

Успеав да заздравам од двете веридби на поинаков начин.

Сега постојано се врти прашањето „дали си сигурен?“ и потребата од бавно одвивање на работите од романтичен план се со цел да се потсетува другата личност дека нема никаква доверба во мене во поглед на нивната сигурност.

Цела среќа имам се уште верба и надеж во љубовта.

И покрај неуспесите од минатото, верувам дека следниот пат ќе знам.

Кога наредниот ќе ме побара за жена верувам дека нема да се јавуваат мислите „ова нешто не ми чини“ или „о не, ова ќе биде како првиот пат“.

Ќе знам, ќе бидам сигурна и среќна. Ќе плачам онака како што отсекогаш сум посакувала да плачам.

Ќе има причина зошто повторно да пробам фустан.

Овојпат се ќе биде реално.„

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Игор Џамбазов како 24-годишно момче, Каролина со тренди фризура во 1999-та: Ретро насловни страници ... 1990-тите и 2000-те беа време кога фотките за насловна се правеа со апарат со фи...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...
„Сонце се гледаме“ - Последните зборови што ми ги кажа Тоше неколку дена пред несреќата и денес ми о... „На прес-конференција Тоше требаше да го најави концертот на 5 октомври. Доцнеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg