Многумина беа тука за да се исплачам на нивното рамо, а јас само сакав да се потпрам на своето

Се прашувам уште колку пати во животот ќе мора да се соочам со напуштање, уште колку пати животот ќе си поигрува со сè она што ме опкружува правејќи еден лавиринт во кој безизлезно се губам?

mnogumina-bea-tuka-za-da-se-isplacam-na-nivnoto-ramo-a-jas-samo-sakav-da-se-potpram-na-svoeto-01.jpg

Дали некогаш има крај на она што се нарекува болка, дали моето тело може да ја преживее таа немилосрдна борба?

Се сеќавам дека стоев надвор додека дождот истураше, скоро секогаш кога имаше такво невреме.

Немав чадор, немав ништо со мене, косата и облеката која ја носев брзо ја впиваа водата која паѓаше од небото, како жедни патници во пустина.

Пробував да запалам цигара, но не ми успеваше, пламенот се гасеше пред да стигне до почетокот на цигарата. Но, не се откажував, и после петтата намокрена цигара, повторно се обидував.

Имав некаква тежина во душата и огромна кнедла во грлото која не ми дозволуваше да живеам мирно. Сите тие болни сеќавања и спомени кои не требаше да се најдат таму.

Сите зборови, погрдни, упатени кон мене без никаква причина, целиот тој надворешен, злобен свет кој како да имаше тенденција да ми го уништува животот, колку и да се обидував да сокријам, тој болеше.

Не барав многу, не сакав многу. Сакав само да направам нешто од себеси, нешто корисно, нешто посебно.

Понекогаш се чувствував отфрлено иако имав многу луѓе на кои можев да се потпрам. Ми доаѓаа солзи на очите, често знаев да ги задушам, заради правилата на кои ме научиле. Во таа крвничка битка, мажите не смеат да плачат.

Никогаш не можев и никогаш не сакав да одам против она во што верувам, во деновите кога ништо немаше да ми оди од рака, единствено нешто што сакав да направам, беше да клекнам во некое ќоше од семејната куќа, некаде каде што ќе бидам сосема невидлив, таму сакав само да заплачам.

Силно, да го повикам универзумот да ги исчисти сите одвратни чувства, да ги напика во искрените солзи кои се тркалаа по моето лице, за да исчезнат засекогаш.

Треперев, како навистина да настануваше ослободување, го чувствував, секогаш кога ќе го пронајдев моето место на ослободувањето.

Често скитав кога врнеше дождот, кога ќе се соединев со него, некако беше полесно, никој не се фокусираше на мојата слабост, туку на човекот кој излегол без чадор од својот дом. Така не ги забележуваа моите солзи.

Дождот беше сојузник кој ја криеше мојата слабост и желба да се исплачам. Многумина беа тука за да се исплачам на нивното рамо, но јас сакав да се потпирам само на едно, сопственото.

Додека целиот се воденев од глава до пети, како мало дете на дождлива игра,помислував на сите тие конфузни чувства и таа дифузија во мојата душа. Посакував да заврши, посакував еднаш да доживеам мир, да почувствувам слобода. Да нема залагање и напрегање, да знам каде сум и дека сум стигнал на вистинското место.

Сакав да заврши сето тоа подготвување и конечно да започнам да живеам, се прашував дали некогаш ќе се случи тоа или едноставно се случува без јас да забележам.

Сакав само да постигнам хармонија во мојот скромен живот, а дотогаш, се она што ми беше потребно беше моето скришно место на кое понекогаш обожував да се исплачам.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg